1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ОБСЕ се запознава со ситуацијата на млацинствата во Македонија

Македонија се смета за земја во која различните етнички заедници уживаат широки права. Но дел од заедниците се чувствуваат дискриминирани поради односот на европските институции кон нив. ОБСЕ ја разгледува ситуацијата.

default

ОБСЕ

ОБСЕ во Македонија го испрати високиот претставник за национални малцинства Кнут Волебек за да испита дали се почитуваат правата на малцинставата во земјата.

За да ја добие вистинската состојба тој ги анкетираше припадниците на помалите етнички заедници во Македонија. Тие им забележуваат на европските институции. Не се задоволни од нивниот третман во извештаите на Европската унија. Се чуствуваат дискриминирани во однос на поголемите етнички заедници бидејќи во ниту еден документ не било отворено прашањето за нивниот статус. Ова е една од забелешките што во сферата на малцинските права ги споменуваат помалите етникуми во Македонија.

Партијата на Турците му забележува на европскиот парламентарец Ерик Маер. „ Не е можно, во извештаите на Европската комисија, последниот работен изветшај на Ерик Маер, во ниту една реченица да не бидат спомнати останатите етнички заедници. Тоа значи бришење со гума на 15 насто од населението.“ вели Кенан Хаспи од Партијата на Турците во Македонија.

ОБСЕ се грижи за сите заедници

Гостинот Кнут Волебек рече дека ОБСЕ води грижа за сите подеднакво. „Покажуваме интерес за сите заедници независно од нивната бројност. Се интересираме за нивна правична застапеност во сите сфери на општеството но и за степенот на едукација.“ изјави Волебек.

Високиот претставник на ОБСЕ беше запознат и со планираните промени на изборниот модел што треба да го гарантираат учеството на помалите етнички заедници во законодавната власт. Последниот предлог закон за нив предвидува 10 загарантирани места во парламентот. Како аргумент дека Македонија ја почитува рамковната конвенција за човекови права стои фактот дека повеќе од триесет пратеници во собранието и една третина од министрите не се од македонско етничко потекло.