1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ОБСЕ разочаран од пропаѓањето на пописот во Македонија

ОБСЕ е разочаран од пропаѓањето на пописот во Македонија - ова за Дојче веле го изјави портпаролот на организацијата со седиште во Виена, Фране Мароевиќ.

default

ОБСЕ се надева дека новиот попис ќе биде спроведен наскоро

ОБСЕ во исто време се надева дека новиот попис ќе се одржи што е можно поскоро.

„Пописот е важен инструмент во спроведувањето на Oхридскиот договор. Една од приоритетите на мисијата на ОБСЕ е да помогне во имплементацијата, во спроведувањето на тој договор. Разочарани сме што пописот во овој момент пропадна или е одложен и се надеваме дека тоа ќе се покрене што поскоро“, изјави за Дојче веле портпаролот на ОБСЕ, Фране Мароевиќ.

Beginn der Volkszählung in Mazedonien 2011

Од ОБСЕ се надеваат дека помошта дадена за спроведување на пописот ќе може да се искористи за следниот

Прашан зошто пропадна пописот, Мароевиќ одговара: „Тоа не е на нас да проценуваме. Наше е да помогнеме во спроведувањето“. 

ОБСЕ го помогнал спроведувањето на пописот во Македонија со печатени материјали. Од оваа организација се надеваат дека тој материјал нема да пропадне и ќе се искористи за следниот попис.

„Што се однесува до нашата помош, тоа е еден од приоритетите во задачите на ОБСЕ – да помогнеме во имплементацијата на овој Охридски договор и пописот на населението е еден важен инструмент во тоа. Ќе продолжиме со нашата поддршка и се надеваме дека се‘ што досега е направено во подготовките секако дека би можело да се искористи за некој следен, иден попис кога би се организирал“, вели Мароевиќ.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM