1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ОБСЕ посматрач на изборите во САД

Првпат во историјата Организацијата за европска безбедност и соработка испраќа посматрачи на претседателските избори во САД. Флорида веќе беше предмет на расправа и на минатите оспорени претседателски избори во 2000-тата година.

И овојпат Флорида е на нишалка, но не е единствената каде што има проблеми.

Во Флорида во таа година победи претседателот Буш со предност од само 537 гласови. Слично е и овојпат: Флорида е проблем. И претседателот Буш и сенаторот Кери се надеваат да освојат гласови во најјужната сојузна држава. По минатите избори таму се укинати гласачките ливчиња и се заменети со електронски машини за гласање. Меѓутоа, проблеми има и овојпат. Посебно во општината Брауард – кој беше проблематична и на минатите избори – сега исчезнаа 60 илјади гласачки ливчиња. Американската пошта и изборните власти меѓусебно си ја прифрлаат одговорноста поради овој пропуст. Во Охајо, во кое исто така се водат жестоки изборни битки, се разгоре полемика околу тоа на кој начин да се бројат гласовите на оние избирачи што не се наоѓаат на изборните листи на своите градови – таму каде што гласаат или само на територијата на местата во кои живеат. ВО САД не постои обврска за пријавување на местот на престој, ниту прописни лични исправи што им ја отежнува работата на изборните комисии. Поради оваа кавга само во Охајо можат да бидат отсечени околу 400 илјади избирачи. Републиканската партија страхува дека на изборите би можеле да се најдат и оние што воопшто немаат право на глас. Шефот на партијата Ед Гилеспи вели:

"Постои можност на листата да се најдат луѓе под други имиња. Тоа го прават за да добијат кокаин. Се пријавуваат под име Мери Попинс или пак на листите, како во Њу Мексико, се наоѓаат деца меѓу 13 и 15 години“.

Демократската партија ангажираше 10 илјади правници кои на изборните места проверуваат дакли сите што сакаат да гласаат имаат законско право на тоа. Кат Кулвер, демократски министер за внатрешни работи во државата Ајова вели:

“На минатите избори имаше меѓу 4 и 6 милиони луѓе на кои им беше ускратено правото да гласаат. Тоа веќе не смее да се случи.

Покрај илјада службеници на американскаото министерство за правда кои во 50-те држави треба да ја следат исправноста на изборите, овојпат ќе бидат присутни и независни посматрачи. ОБСЕ испрати 100 посматрачи на американските избори. Меѓу нив е и бившата претседателка на германскиот Бундестаг Рита Зисмут. Таа објаснува што е должноста на посматрачите на овие американски избори:

“Имаат ли гласачите право на глас, колку е сигурен начинот на гласање и броењето на гласовите. Дали гласачот може да биде сигурен во тоа дека неговиот глас ќе биде преброен. Покрај тоа и прашањето дали гласачите можат да ги контролираат резултатите од изборите“

Но, тоа се прашања што не ги интересираат само посматрачите на ОБСЕ.