1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОБСЕ не успеа да се изгласа заедничка декларација

*

ОБСЕ не успеа да усвои заедничка декларација на годишната средбата на министрите за надворешни работи во Мадрид. Од 2002 година организацијата не успева да усвои заеднички политички декларации на свoите средби што ја лишува од нејзината ориентација и ја прави понеефикасна, се вели во заклучниот документ. На средбата е одложено и решението за нејзината мисија на Косово, поради противењето на Москва. Шпанското претседателство ја повика Русија да ја преиспита и одлуката за истапување од Договорот за конвенционалните вооружени сили, најавена за 12 декември. На средбата е постигната согласност за нова мисија за контрола на безбедноста на границите во Авганистан.