1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОБСЕ: Изборите во Белорусија ниту слободни ниту фер

Набљудувачката мисија на ОБСЕ оцени дека изборите во Белорусија од почетокот не оставиле простор за натпревар. Текот на изборите го следеа околу 330 набљудувачи на ОБСЕ.

„Слободни избори подразбираат луѓето да се слободни да се изјаснат, да се организираат и да се кандидираат за мандат, но ние за време на изборната кампања не видовме вакво нешто“, изјави денеска (24.09) координаторот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Матео Метачи (фото).

Опозицијата исто така жестоко ја напаѓа власта. Изборната комисија лаже „бесрамно“, нејзините податоци за одзивот на изборите се разликуваат радикално од оние што ги имаат набљудувачите на изборите, изјави опозициониот христијански демократ Витали Римашевски. Според проценките на неговата партија, на избори излегле само околу 38% избирачи.

Изборната комисија, наспроти тоа, тврди дека одзивот на изборите бил 74,2%.

Опозицијата, која повика на бојккот на изборите, е ослабена поради многуте апсења и репресалии кои зачестија пред се‘ по претседателските избори во 2010 година. Многумина активисти веќе биле во затвор и немаа воопшто право да се кандидираат, а други ја напуштија земјата. На трети не им се дозволува излез на избори поради различни причини.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт денеска изјави дека изборите во Белорусија се одржале во услови кои „одвај дека овозможиле слободни избори“. Лукашенко и натаму продолжува со „курсот на угнетување“, што за земјата е „трагедија“, рече Зајберт.