1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обрежување како превентива од ХИВ/СИДА во Руанда

Во борбата против сидата африканските земји имаат нова метода: Обрежување на мажите. Имено кај мажите кои се обрежани ризикот од инфекција е до 60 проценти понизок. Лекарите во Руанда имаат многу работа.

„Не, тоа не болеше“, вели Марк Каренмангинго со доза на самоувереност и збунетост во исто време. Овој 18 годишник туку што беше обрежан. Со хируршки рез лекарите ја отстранија кожичката на главата на неговиот пенис. Зафатот траеше околу 15 минути. Сега Марк Каренмангинго стои пред Воената болница во главниот град Кигали, зад него речиси неприметна табла го покажува патот кон „Центарот за обрежување на мажи“. Болки немал, но се плашел од медицинската интервенција, вели овој млад жител на Руанда. „Таму имаше толку многу мажи. Но, лекарот кој ме оперираше беше многу љубезен и разговараше со мене. Тие многу добро го направија тоа“.

Помалку ХИВ- инфекции

Beschneidung Marc Karemangingo Porträt Afrika Kigali

Марк Каренмангинго го мина зафатот

Марк е еден од 200.000 мажи во Руанда кои досега се обрежани во рамките на една владина програма - тоа се малкумина во однос на зададената цел од два милиона мажи, која си ја постави владата за до крајот на годината. Програмата ја спроведува државниот Биомедицински центар на Руанда.

Д-р Сабин Нсанзимана раководи со одделот за ХИВ/СИДА. „Кога ја започнавме програмата, бевме многу амбициозни“, вели тој. Сите досегашни кампањи не донеле вистински резултати. Пред сѐ бидејќи неможе да се измери употребата на кондоми, вели Нсанзимана. Со обрежувањето на мажите тоа се смени. „Тоа може едноставно да се спроведе, евтино е и не мора да се повторува“.

2,9 проценти од жителите на Руанда се инфицирани со ХИВ, значи тројца од 100 луѓе. За споредба во Германија степенот на инфекции е помал од 0,1 процент, а во Боцвана на југот на Африка пак изнесува 23 проценти. Кај еден маж кој е обрежан ризикот да се инфицира со ХИВ-вирусот е до 60 проценти помал, открија источноафриканските научници. Меѓутоа зафатот ни од далеку не е крајно средство против сидата, оти и натаму постои можност за инфекција.

Beschneidung Afrika Kigali Ruanda

Во многу болници во Руанда мажите можат да бидат обрежани

Меѓународни организации како UNAIDS и Светската здравствена организација (СЗО) сепак во борбата против сидата советуваат да се врши обрежувањето. „Нема сомневање за резултатите и тие редовно се проверуваат“, вели Џулес Мугабо, експерт за ХИВ во СЗО во Руанда. Исто така и во Уганда и во Кенија полагаат во оваа метода. Како точно се намалува степенот на зараза, сепак неможе целосно да биде разјаснето. Научниците претпоставуваат дека обрежувањето ја менува средината за микробите кои живеат на пенисот. Тоа би можело да им го отежни преживањето на вирусите и бактериите.

На почетокот на кампањата само 13 проценти од мажите во Руанда беа обрежани, повеќето од нив муслимани. Но 90 проценти од жителите на Руанда се католици. „Беше потребно одредено време луѓето да се убедат, дека не зборуваме за религиозна позадина. Станува збор за заштита и превентива“, вели д-р Сабин Нсанзимана.

Нови методи на обрежување

Beschneidung Afrika Kigali Prepex

„Препекс“ нова метода

Во меѓувреме порасна бројот на оние кои го прифаќаат обрежувањето. Во целата земја мажите доаѓаат во медицинските центри. Само во Воената болница во Кигали секој ден се обрежуваат до 25 мажи. Наскоро ќе бидат илјада неделно. Тоа треба да се овозможи со нова метода на обрежување, која се изведува без скалпел - а со тоа без болки по зафатот и без истекување на крв. „Препекс“ се нарекува средството. Тоа се состои од пластичен прстен и гума, објаснува д-р Леон Нгерука, лекар во Воената болница во Кигали. „Внатрешниот прстен се става над пенисот и кожичката се влече над него. Од надвор се растега гумата врз тоа, со тоа ќе биде притисната кожата од цврстиот внатрешен прстен“. На тој начин се пресекува крвотокот, предната кожичка умира и по околу една недела отпаѓа.

Обрежувањето не е замена за кондом

Обрежувањето не штити од несакана бременсот или полови болести. Тоа не би смеело погрешно да се сфати како „невидлив кондом“ опоменува д-р Нсанзимана. „Мажите доаѓаат кај нас и прашуваат, дали по обрежувањето не мора повеќе да користат кондоми“. Тоа било нов предизвик. „Ако обрежувањето на мажите се сфати како слободен билет за сексуални активности, тоа не функсионира. Имено доколку обрежувањето се гледа како целосна заштита, луѓето почесто ќе бидат болни“.

Пред и по обрежувањето мажите затоа се советуваат што значи зафатот за нивната сексуална иднина. Марк Каремангинго и покрај и обрежувањето во иднина и натаму ќе се заштитува. „Млади луѓе како јас треба да израснат без ХИВ/СИДА. Ние сакаме да користиме кондоми, за да го заштитиме нашиот живот.“