1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Обрван: Македонија мора да ја победи Чешка

Македонската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство во ракомет, кое се одржува во Данска. Селекторот Обрван вели дека дека пораз од Данска, на нивен терен, „не е страшна работа“.

Македонските ракометари во првото, коло во Б групата, вчеравечер (12.01) во Хернинг загубија од Данска со 21:29. Бавното влегување во натпреварот, лошата реализација во нападот и одличниот дански голман Ландин, беа причините за поразот на тимот на селекторот Ивица Обрван:

„Во одредени делови од играта не бевме на ниво, но не сме разочарани бидејќи да се загуби од Данска на нивен терен не е страшна работа. Промашивме многу зицери бидејќи против себе имавме извонреден голман и одлична одбрана. На крајот можеше да биде попристојно за нас, особено што го имавме одличниот Борко Ристовски на голот.

Ivica Obrvan, Trainer der mazedonischen Handball-Nationalmannschaft

Ивица Обвран

Сега почнуваме да мислиме на средбата со Чешка, која е исклучително важна за нас, дуел кој едноставно мораме да го добиеме ако сакаме да го продолжиме престојот во Скандинавија“, изјави селекторот Обрван.

Најефикасен во македонската репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров со 7 голови, Никола Стојчевски постигна 3. На голот Борко Ристовски забележа 14 одбрани, од кои и сите три седмерци. Кај Данците Каспер Мортенсен имаше 5 реализации.

Македонија, во рамките на второто коло, во вторник (14.01), за противник ќе ја има Чешка, која на стартот катастрофално загуби од Австрија со 20:30.

Handball: Island gegen Norwegen 12.1.2014

Од мечот Исланд - Норвешка

Старт на Европското првенство по мерка имаа Шпанците, кои во Групата Б ја победија Унгарија со 34:27. Исланд пак беше подобар од Норвешка - 31:26.

Денеска во Групата Ц се среќаваат репрезентациите на Србија и Полска и Франција и Русија. Од Групата Д на програмата се натпреварите меѓу Хрватска и Белорусија и Шведска и Црна Гора.