1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Образованието во Грција- жртва на кризата

Иднината на секоја држава е нејзината младина. Меѓутоа, што ако не се вложува во образованието и ако економската криза го отежнува школувањето на најмладите? Такви примери има многу во кризна Грција.

default

Училница во „Петтата општа гимназија “ во северозападниот дел на Атина

Ѕидовите на просториите во „Петтата општа гимназија “ во северозападниот дел на Атина се исшарани. Меѓутоа, само дел од она што е напишано на ѕидовите е со согласност на наставниците: голем број графити на надворешните ѕидови, во ходниците и во училниците. Едно заокружено А, симбол на анархизмот, е напишано на еден ѕид. На надворешниот ѕид, покрај училишниот киоск, пишува „истерајте ги фашистите“.
Во Грција учениците одат по 6 години во основно училиште, потоа прво 3 години средно училиште, а потоа, обично, уште 3 години класична гимназија, пред да почнат да ги полагаат приемните испити за на факултет. Некои од нив се решаваат за посетување и на занаетчиски средни училишта.

Стара опрема

Schulflur Lyzeum im Athener Stadtteil Peristeri Schule Athen Griechenland

„Петтата општа гимназија “ во северозападниот дел на Атина



И пред 25 години многу грчки училишта не изгледаа поразлично од денес. Изгледа дека и опремата не се обновувала: масите и столчињата го имаат дискретниот шарм на седумдесетите. Директорот на училиштето Павлос Пердикакис со гордост вели дека во неговото училиште има лабораторија за експерименти по хемија и по физика, просторија за информатика, просторија за разни намени, игралишта за кошарка и за одбојка.
За тој, главно сиромашен дел од градот, училиштето важи за добро опремено. „Заштеда имаше во целиот училишен буџет, но, обрнете внимание, лабораторијата за експерименти по физика прави само малку трошоци. Во хемиската лабораторија трошоците се нешто поголеми, но можеме да ги покриеме. Спортските игралишта и нивното одржување ги презема општината“, кажува Пердикакис.

Директорот по име ги знае сите 240 ученици. Меѓусебниот однос е пријателски, дури и кога учениците повеќе пати во текот на паузата влетуваат во неговата канцеларија. Со повеќе од 30 години работно искуство како учител, тој зрачи со благ авторитет. Учениците љубезно ги замолува да почекаат надвор.

Schulleiter Perdikaris Lyzeum im Athener Stadtteil Peristeri Athen Griechenland

Директорот на „Петтата општа гимназија “ во Атина, Павлос Пердикакис

Во тоа училиште се вработени 30 наставници, 25 со договор на неодредено време. Тој просек не е лош, смета Николас Папахристос. Тој е претседател на Синдикатот на наставници и ги застапува интересите на 80.000 наставници вработени во средните и во основните училишта.
Во Грција,вели, моментално недостасуваат 2.000 наставници. „Најлошо е тоа што оние наставници кои ни недостасуваат не добиваат договори на неодредено време, бидејќи парите кои ги одобри т.н. Тројка се потрошени.“

Екскурзиите се луксуз

Директорот на училиштето Пердикакис вели дека се забележува оти родителите имаат помалку пари. Поради тоа е тешко да се организираат и еднодневни излети за да можат учениците од „бетонската пустина Атина“, да отидат малку во природа. Но одењето во природа чини 3 евра, во последните 2 години учениците не можеле да го платат тоа, кажува директорот: „Во последните 2 години имавме проблем да собереме пари за автобус за да можеме да одиме на излет.

Nikolaos Papachristos Präsident der Lehrergewerkschaft OLME Griechenland

Николас Папахристос, претседател на Синдикатот на наставници

Затоа сега само понекогаш организираме такви излети или се обидуваме да организираме некои други активности кои потоа ги означуваме како излет, за да го осмислиме денот.“

Специфичност на грчкиот училишен систем е можноста многу ученици по училиштето да земаат дополнителни часови од одредени предмети. Тие часови ги даваат наставниците кои не добиле работно место во јавната служба. Кога би се укинала таа настава, многу наставници би се нашле на улица. Зошто тие со оглед на тоа што во Грција има недостаток на наставници, не можат да добијат работа во некое училиште?
„За тоа недостигаат пари“, вели председателот на Синдикатот на наставници Папахристос. Платите на наставниците се намалени за 40%. Наместо 1.000 евра, тие сега добиваат 629 евра. Во образованието еден наставник може да заработи максимално 1500 евра. „Трошоците за образование се скратени за половина, а тоа е политика на Тројката“, кажува на крајот синдикалецот.