1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Обновување на воените германски гробишта во Прилеп

Изградени во 1933-та за загинатите германски војници од Првата светска војна, прилепските воени гробишта целосно беа запустени. Сега се обновуваат и тука ќе почиваат 1.773 војници од првата и 50 од Втората светска војна.

default

Македонија е една од стотината земји во светот каде има гробишта на германски војници. Нема Битолчанец кој не го знае кружниот објект со мозаик изграден во 1936 година на малиот рид на влезот во градот. Таму почиваат 2.123 германските војници загинати во Првата светска војна. Во 1933-тата и во Прилеп биле уредени германските воени гробишта, кои низ годините сосема се запустија. Сега во завршна фаза е нивното обновување, кое го иницираше Петер Матизен, кој со Бундесверот повеќе години престојуваше на Балканот.

"Во 2000 година раководителот на музејот од Прилеп ми раскажа за гробиштата на германските војници. Отидов да видам и што најдов? Просторот беше фудбалско игралиште, ѓубриште, градина со зеленчук... Се‘, само не гробишта. Ги замолив германските војници кои тогаш беа во Тетово да ми помогнат. За прв пат го расчистија, го исчистија просторот. Отстранија купишта шут, отпадоци, ѓубриште, па така можеа да се видат плочите од гробовите“, раскажува Петер Матизен. Во 2001-та работите запреле поради случувањата во земјата, но кога ситуацијата се стабилизирала, идејата за средување на германските гробишта во Прилеп повторно се актуелизираше. Во обновувањето на просторот се вклучило военото германско аташе од Скопје, но и Народниот сојуз за згрижување на германските гробишта, институција во чија надлежност се сите места во светот каде почиваат германски војници. Така и во Прилеп, се пристапи кон обновување на гробиштата кои ќе бидат предадени и повторно осветени на крајот на август.

"Она што е возбудливо за Прилеп е што луѓето од околината и селата ги знаат местата каде се закопани германските војници. Така што и тие ќе може да се донесат и да се закопаат на големите гробишта во Прилеп”.

Friedrich Ebert

Фридрих Еберт

Во Прилеп почива и синот на Фридрих Еберт

"И што е можеби за крај е најинтересно - во Прилеп е и гробот на постариот син Хајнрих, на првиот германски претседател, Фридрих Еберт. Тој учествуваше во Првата светска војна, беше повреден, почина во Македонија и почива во Прилеп“, забележува Петер Матизен, кој не ја крие радоста што на 29 август ќе биде повоторно во Прилеп, на свеченото предавање на воените германски гробишта чуе обновување тој и го започна.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска