1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Обновена вилата Штук во Минхен

Пред сто години, Франц фон Штук преку ноќ стана звезда на уметничката сцена

„ Дистанца и хармонија„ слика на Франц фон Штук, од 1910

„ Дистанца и хармонија„ слика на Франц фон Штук, од 1910

во Минхен. Тој беше олицетворение на тогашната авангарда. Своите дела ги изложуваше во својата богато опремена вила, која под името на нејзиниот сопственик, подоцна остана како вистинска вредност на германската сецесија, воедно и еден од најзначајните изложбени простори. Вилата Штук тринаесет години се реновираше, сега, повторно е отворена за јавноста

Реновирањето на старото здание во југенд стил чинеше тринаесет милиони евра. Само на првиот ден по отварањето, обновената куќа ја посетија 4000 луѓе. На објектот му е вратен поранешниот лик. На зидовите во салоните и собите повторно блескаат златни мозаици, прекрасни прозорци со огледала, плафонски тавани. Паркетот на подот исто така е со мозаици. Точно онака како што Франц фон Штук пред сто години го имал замислено ова здание. Реставриран е и стариот намештај кој на светската изложба во Париз во 1900 година доби златен медал.

Вилата Штук е единствено здание во Германија. Музичкиот салон, е изграден по примерот на староримска Помпеја. На сводовите се наоѓа звездено небо. Во атељето на вилата се наоѓа познатиот Олтар на гревовите. Доколу Штук го користел пред се како место за презентација на своите дела пред богатите муштерии, денеска останува впечатливо чувство за времето во кое тие уметнички дела биле создавани. Главните дела на Штук денеска се изложени во поранешниот будоар на куќата, во терпезаријата и салонот за пушење. Конечно, преуредена и реставрирана е и старата градина, која сама по себе е уметничко дело.

Франц фон Штук, кој живееше од 1863 до 1928 година во Минхен дошол на осумнаесет годишна возраст. Куќата, во која се вселил во 1898 до детали ја зацртал како целосно уметничко дело. Во 1914 година објектот го проширил со репрезентативно ателје, со вајарска работилница. Со сликите „Грев„ и „ Јудит и Холофернес„ тој е коосновачна минхенската сецесија и значаен германски симбол. Со овие дела тој учествувал на една од најзначајните изложби на своите современици. На врвот од моќта Штук е прогласен и примен во редот на племството и прогласен за сликарски великан. Умрел во 1928 од срцев удар во својата вила.

За Џо-Ане Бирние Ханкер, денешната диртекторка на вилата Штук, најважна е автентичноста на објектот. За разлика од други важни објекти во Минхен, како на пример куќата Лембах, вилата Штук и покртај тешките оштетувања за време на војната, ја задржа првобитната приватност, во стил на испреплетени различни влијанија, посебно на оние од далечниот Исток, кои во Европа ги пренел колекционерот, еврејски трговец Зигфрид Бинг.

„ Бинг е првиот кој во Европа пренесе предмети со највисок квалитет од Јапонија, Азија. Комбинирајќи ги со современите уметнички дела од Европа, Бинг им ги отвори очите не само на колекционерите туку и на самите уметници„ вели Џо-Ане Бирни Ханкер