1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Облините носат успех

За да се има успех на модните писти не мора секогаш да се биде исклучително слаб. Примерот на Силвана Денкер од Вестервалд покажува дека и со облини може да се успее во светот на модата.

default

Силвана Денкер се пробива нагоре и е на најдобар пат да стане топ-модел.

„Jас сум Силвана Денкер, имам 28 години и работам како Plus-Size-Модел. Тоа преведeно значи модел за големи конфекциски броеви. Но, дебела не се чувствувам воопшто.“

За да излезе на пистите во Милано или Париз би морала да има шест конфекциски броја помалку. Но таа сака да докаже дека кариера може да се прави и ако се имаат облини.

„Јас бев 30 килограми потешка, се разбира дека не се чувствував добро. Движењата беа потешки отколку кога си послаб. Кога се качував по скали го губев здивот. Но мислам дека исто толку е нездраво и да си преслаб, како некои, како што ги нарекуваат слаби модели. На кастинзите гледав модели кои навистина беа пред онесвестување. Двете работи не се здрави.“

Силвана Денкер почнала да се занимава со манекенство по матурата. Во меѓувреме има работа и во Америка и Јужна Африка. Нејзин капитал е способноста да се менува.

„Мајка ми не можеше да ме препознае на некои фотографии затоа што изгледав многу поинаку. Мислам дека тоа е причина за успех. Татко ми вели дека се‘ се должи на мојата насмевска, којзнае...“

Силвана Денкер е заштитен лик на „Ула Пoпкен“, позната куќа за мода за големи конфекциски броеви.

„Мислам дека кога првпат застанав пред себе - поцрвенев. Но, се радував многу и бев горда.“

Силвана Денкер е успешна и како моден фотограф. Својата прва задача ја имаше за германскиот комичар Ото Валкес и неговиот тим.

„Со 28 години се има добра возраст за да се стартува во Plus-Size-модата, но сепак, среќна сум што имам уште една професија - фотографирањето. Муштериите исто така се среќни и ми веруваат, зашто знаат дека знам како е да си пред камера и знаат дека можам многу добро да ги истакнам облините.“

Symbolbild Schaufensterpuppen Mode Trends

Не е здраво ниту да се биде предебел ниту преслаб, вели Силвана Денкер

Формата ја одржува со двете кучиња „Кила“ и „Штепсел“. Одбива специјални фитнес програми или диети.

„Не сакам да се откажам од тоа понекогаш да изедам пица или налето сладолед. Не сакам насилно да слабеам. Сакам да му се радувам на животот и пицата е дел од тоа.“

Нејзиниот дом е во Вестервалд, кај Франкфурт, и таму сака и да остане, дури и ако во иднина добива повеќе термини во странство.

„Да работам на одредено време да, но да се иселам комплетно од овде не сакам. Ова е моја татковина, овде е моето срце, и како што се гледа преубаво е и радосна сум кога по стресен ден доаѓам дома, каде имам мир, каде навечер правиме скара со семејството или пријателите. Нема ништо поубаво.“

Од германската провинција на модните писти во цел свет - тоа е целта на Силвана Денкер и таа „боксирајќи си го расчистува“ патот дотаму.