1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Облеката ги прави луѓето“

Луѓето се однесуваат, како што се облечени? Да, вели Херлинде Коелбл, фотограф по професија. Во најновиот проект таа ги претставува луѓето парлалено во нивната професионална облека наспротив приватниот идентитет.

Фотографката Херлинде Коелбл портертираше околу 70 луѓе во облека која ја носат во секојдневието и на работното место.Која е професионалната определба на овој маж? А на оваа жена? Тој е британски адвокат со неговата традиционална перика, а таа е германска судијка во црвена наметка, Тој е бизнисмен со вратоврска и јака и таа е калуѓерка во нејзината карактеристична облека.

Bildergalerie Kleider machen Leute Hygiene Museum Dresden NEU

„Облеката ги прави луѓето“ - изложба на Херлинде Коелбл во Дрезден

„На секој човек му е познато-кога ќе облече костум, вратоврска, бела кошула, ако не е навикнат да го носи тоа, се менува, или кога жените ќе облечат костум и високи потпетици, тогаш постои внатрешна промена и тоа го сметам за возбудливо“, вели Коелбл.

Bildergalerie Kleider machen Leute Hygiene Museum Dresden NEU

„Облеката ги прави луѓето“ - изложба на Херлинде Коелбл во Дрезден

Во земјите како Јапонија, разликата меѓу приватниот и јавниот идентитет особено јасно доаѓа до израз. Затоа Херлинде Коелбл фотографираше луѓе и во Азија.

Промените во чувството за телото, свеста за сопствениот статус, тоа е она што ја интересира Херлинде Коелбл.

Повеќето портрети беа создадени во нејзиното студио во Минхен. Херлинде Коелбл на проектот работеше четири години. Долгорочни проекти се типични за неа, тука особено се приближува до нејзините модели.

Bildergalerie Kleider machen Leute Hygiene Museum Dresden NEU

„Облеката ги прави луѓето“ - изложба на Херлинде Коелбл во Дрезден

Таа фотографира толку долго, додека не го добие вистинскиот израз на лицето. „Сосема јасно сакав фокусот навистина да биде во човекот, во наметката, во фустанот, во униформата, така вистински може да се види што носат и пред се’ како го носат тоа. А тоа е можно само кога заднината е неутрална, а не кога се гледа целата околина, целиот пејзаж, тогаш тоа го одвлекува вниманието.“

„Јас воопшто ништо не инсценирам, и токму тоа е прекрасното во фотографиите - тоа што навистина се гледаат луѓето, дека живеат, дека имаат нешто единствено. “

Политичарите, дневните и спалните соби пред фотоапаратот

Еден од нејзините најпознати проекти е студијата „Трагите на моќта“ од 1999. година. За таа цел таа осум години ги придружуваше политичарите, еднаш годишно ги среќаваше за фотосесија.

Fotoausstellung Herlinde Koelbl Mein Blick

И Ангела Меркел се најде пред фотоапаратот на Херлинде Коелбл

Меѓу нив и подоцнежната канцеларка Ангела Меркел. Беа создадени фотографии, кои покажуваат како моќта може да ги промени луѓето. „Ценам и сакам да ги реализирам идеите кои се поврзани со нашето општество, значи како што ’Трагите на моќта’ се елементарна тема, има некаква поврзаност со моќта“.

Херлинде Коелбл живее и работи во Минхен. Таа студираше моден дизајн и дури на 37 години почна да се занимава со фотографија.

Со монографијата „Германските дневни соби“ Херлинде Коелбл во 1980. година стекна слава. Погледи во приватните простории. Дваесет години подоцна фотографираше спални соби во целиот свет.

Меѓу другите и на, во меѓувреме починатиот, германски режисер Кристоф Шлингензиф.

Проектот, кој Херлинде Коелбл самата го вројува меѓу нејзините најважни трудови се нејзините „Еврејски портрети“. Во 1989. година таа објави фотографии на преживеани од холокаустот. Најмладиот портретиран учесник во овој проект е жена, која во тој момент беше на 70-годишна возраст.

Со проектот „Облеката ги прави луѓето“ фотографката и‘ се посветува на темата облека и нејзиното влијание врз околината. Пред се’ фотографираше лица кои носат униформа или достоинственици. Кај нив промените се особено видливи.

„Оние кои набљудуваат поинаку им пристапуваат на униформираните и на тој начин постои една размена, оној пак кој носи униформа се движи поинаку и им пристапува на луѓето поинаку отколку кога носи приватна облека. Значи постојат многу нивоа преку кои ја обработив оваа тема, во тоа е убавината!“

Дури и мали детали на облеката ги менува луѓето кои ја носат и води до едно друго „Јас“.

Изложбата „Облеката ги прави луѓето“ во Дрезден трае до крајот на јули.