1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Облакодер во Франкфурт кренат во воздух

Речиси еден тон експлозив сместен во 1.500 избушени дупки – тоа беше потребно за денеска (02.02.2014) да се урне 116-метарската кула АфЕ во Франкфурт. Тоа е највисоката кула во Европа што некогаш е урната со експлозив.

Полицијата процени дека повеќе од 10.000 луше се собрале во германскиот финансиски центар – Франкфурт, за да го гледаат спектакуларното рушење на кулата. Експертот за експлозив Едуар Еајш беше задолжен за разнесувањето на висококатницата тешка 50.000 тони, која беше изградена во 1972 година.

„Речиси 100% е можно да се разнесе ваква зграда без да се повредат луѓето или оштетат соседните згради. “, изјави Рајш пред експлозијата.

Deutschland AfE-Turm vor Sprengung Frankfurt

Висококатницата фотографирана пред рушењето

Заштитни препреки, високи шест метри, беа подигнати околу облакодерот за да спречат оштетување на околните градби. Од резервоари со вода, во кои имаше по 1.000 литри вода, се распрскуваше во воздухот околу зградата за да се спречи создавање на премногу прашина при нејзиното паѓање. Целата област беше затворена, а 500 лица стоеја на располагање за евентуална помош. Облакодерот е највисоката зграда во Европа што некогаш била срушена со користење на експлозив. Кратко по 10 часот утрово, зградата падна за неколку секунди.

Таа до неодамна беше седиште на оддел за социјална наука и образование на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“. До март 2013-та година зградата беше користена од Универзитетот, по што персоналот од неа беше пренесен во новиот универзитетски кампус во Франкфурт.

Ослободениот простор е дел од планиран културен кампус. На местото на срушениот универзитетски облакодер треба да се изградат две деловни згради – од 100 и 140 метри.