1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обичните Кинези и’ се лути на Европа

Вртењето со глава во знак на неразбирање и неодобрување е уште најблагата реакција меѓу кинеските граѓани на дискусиите за евентуален бојкот на Олимписките игри. Особено по онаа синоќешната во Европскиот парламент.

default

Ќе остане ли без очекуваните гости? Олимпискиот стадион во Пекинг во завршна фаза.

„Многу сум лут на тоа што го слушам. Олимписките игри се светска гала претстава за спортистите, а тие немаат никаква врска со политиката„ – вели еден Кинез. Една негова сограѓанка потврдува:„Многу се лутам, бидејќи на меѓународно ниво ни ветија дека Кина ќе биде домаќин на Олипмиските игри во 2008-та. Тоа беше завршена работа, а сега го кршат ветувањето и од ново се размислуваат...„ Официјална реакција нема Од кинеските власти за сега нема никаква реакција на синоќешната дебата во Европскиот парламент. Но, за обичните граѓани ваквата промена во ставот на Европејците е несоодветна:„Ако не се задоволни со Кина, тогаш тоа требаше и на време да ни го кажат, за да можеме активно да ги отстраниме грешките. Но, тоа што сега излегуваат со овие проблеми, сметам дека зад тоа се крие друго незадоволство со Кина...„ Паралела Пекинг - Москва Еден бармен во кафуле во главниот град ја споредува ситуацијата со бојкотот на Олимписките игри во Москва во 1980 година. Тогаш Западот на тој начин го покажа своето негодување поради влегувањето на советската армија во Авганистан.„Од гледна точка на нас, Кинезите бојкотот го сметам за погрешен. Олимписките игри се глобален шоу на спортот каде е можна комуникација и размена меѓу етничките групи и идеологии. Луѓето на тој начин учат да имаат разбирање едни за други и да водат дијалог. Тоа му помага на мирот и на економскиот развој.“
Облаци се надвиваат меѓу Кина и Европа
Еден научник при Институтот за односи со Европа смета дека односите меѓу неговата земја и „стариот континент“ се на пресвртница. Тој користи споредба и вели дека гледа наоблачување, а дали облаците ќе се разијдат или пак ќе врне, тоа сега зависи од ЕУ. Слично мислат многумина кинески граѓани, кои алудирајќи на синоќешната седница во Европскиот парламент коментираат:„Тие нема да добијат поширока поддршка. Еден грст луѓе да ги уништат Олимписките игри – тоа е навистина невозможно!“