1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Обид за политичка стабилизација

Во Скопје денеска разговараа македонскиот премиер Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.Двајцата се договориле за политички консензус во реализацијата на Охридскиот рамковен договор

default

Пратеничката група на опозициската ДУИ најверојатно од утре се враќа во Парламентот по шестмесечниот бојкот.Тоа е еден од резултатите од дијалогот меѓу Груевски и Ахмети.Успешно се завршени политичките разгоивори,констатираат во заедничката изјава по денешната блиц -средба челниците на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.Со согласноста израезена во изјавата е избегната варијантата на формален писмен политички договор за преземените обврски на што инсистираше особено ДУИ.Од петте крупни барања на ова опозициска партија заеднички интерес е постигинат за 50-тината закони што во Парламентот ќе се гласаат со Баденетеровиот модел и тоа благодарение на притисокот и посредството нс меѓународните фактори.Сите ќе бидат набројани во новиот собраниски деловник.Постогната е согласност и за измена на Етничкиот комитет,чии арбитражни досегашни надлежности ќе бидат намалени особено околу тоа кои закони да се гласаат со т.н. етнички квоти.И владеачкиот ВМРО ДПМНЕ е задоволен зашто Али Ахмети не се избори со закон да се решаваат социјалните права на инвалидите на ОНА од конфликтот во 2001 година.Во заедничката изјава Груевски и Ахмети го потенцираа политичкиот консензус во реализацијата на Охридскиот договор.За оваа спогодба премиерот ги информира коалиционите партнери,НСДП и ДПА во личните разговори со Петковски и Тачи.Лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја смирува топката и по острата закана на ДПА дека ќе излезе од владата.Денешниот епилог од неколкумесечните бипартиски разговори меѓу власта и опозицијата му го олеснува багажот на премиерот Груевски пред решавачката средба со американскиот претседател Џорџ Буш за две недели во Тирана кога се очекуваат и евентуално поволни вести за можна покана за членство во НАТО.