1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Обид за пеглање на разликите

Груевски и Костовски имаат различни сваќања за децентрализацијата

default

Владата ќе ја доизгради големата скопска сала,ќе се направат уште 40-тина сали во училиштата,обвови стариот театар урнат од земјотресот.Со пари од државниот буџет кабинетот на премиерот Груевски ќе гради куќа на мајка Тереза,централна фонтана на Градскиот плоштад.Со ваков пакет инвестиции,премиерот дојде во кабинетот на Костовски.Иако избран со поддршка на ВМРО ДОМНЕ,Костовски влезе во вербална и политичка војна со Груевски и дел од неговиот министерски тим.Скопскиот градоначалник се обиде дел од својата инертност да го суреди Скопје и да стартува големи проекти да ги сокрие со неуспешна децентрализација,дека нема пари во градската каса,дека децентрализацијата се одвива на штета на метрополата.Премиерот јавно му одговори дека Косотовски ќе мора да се сврти кон проблемите на сограѓаните.По овој тип на политички конфронтации,Костовски го покани Груевски во Градското собрание:

-Не сум имал проблеми кои јас сум се обидувал да ги истакнувам,имаше некои изјави од негова страна,од моја страна не,јас имам континуитет во она што го изјавувам,рече Груевски.

-И понатаму можеби ние ќе имаме различни ставови и изјави,но тоа мораме да го сватиме како единство на спротивности,бидејќи само така ќе успееме во оној дел што за нас е многу битен,да успееме да имаме успешна децентрализација,изјави Костовски.Двајцата не одговорија зошто нема средства за обнова на стариот автобуски парк во Скопје со гаранции од Европската банка за обнова,дали градот ќе располага со своите градежни парцели за привлекување инвестиции и изградба на јуавни објекти,дали ќе дојде до промена на законот за градот Скопје.Македонската метропола е натаму е валкана,со сообраќаен метеж,стара водоводна мрежа,без соптвена гасификациона мрежа.Скопје нема средства за овие крупни инвестиции,но и владата досега го блокираше градоначалникот Костовски.Тој во меѓувреме ги затопли односуте со претседателот Црвенковски.Овој познат бизниссмен е голем филантроп со донации во цркви и фондации,урбаното уредување на Скопје во милионски доларски суми,но сепак по изборот за градоначалник сега има исклучително низок рејтинг во метрополата.