1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Обид за внесување оптимизам

Благ пораст на берзанските индекси, но нервозата на финасиските пазари продолжува. Заедничката акција на повеќе централни банки успеа да го запре негативниот тренд на берзите.

default

Франкфуртската берза

Драматичната финансиска криза според мислење на експертите од Меѓународниот монетарен фонд светското стопанство го доведува до работ на рецесија. Оценката на Оливер Бланшерд од ММФ е дека светската економија се соочува со голема криза. Иако сега се’ е неизвесно, најдобрите прогнози се дека светскиот пораст во 2009 година ќе биде околу 3 проценти. Можеби тоа и не звучи толку лошо, но зад тоа се крие важна разлика меѓу развиените и земјите во развој. Според прогнозите за растот во 2009 година, во развиените земји ќе биде благ, можеби во минус, но се очекува опоравување до крајот на 2009 година.

Загриженост и во Европа

И во Европа политичарите се загрижени. Канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози договориле целосна координација на мерките против финансиската криза. Двајцата политичари во заедничка декларација ја поздравиле одлуката на емисионите банки за намалување на каматите. Меркел и Саркози, како што се дознава од Париз, секојдневно телефонираат и се договраат околу финансиската криза. Вчеравечер Меркел разговарала и со американскиот претседател Џорџ Буш. На конференцијата за меѓународна политика во Евијан, Саркози нагласил дека постојано е во контакт со Меркел во врска со кризата. Ова покажува, дека политичарите во Европа стануваат свесни за големата одговорност што ја носат во врска со финансиската криза. Според проценките на Институтот за економски истражувања од Северна Рајна Вестфалија, Германија се движи кон рецесија. Со оглед на финансиската криза, не може да се избегне рецесија, е на мислење претседателот на овој институт Кристоф Шмит. За излез од кризата тој предлага заедничка европска спасувачка акција.

Merkel und Sarkozy in Paris

Во постојан договор, Ангела Меркел и Никола Саркози

Први позитивни реакции

Инаку, ден по спектакуларното намалување на каматните стапки од страна на шесте централни банки, берзата во Франкфурт реагираше позитивно. Германскиот берзански индекс ДАКС утрово забележа пораст од 1,3 проценти. Посебно внимание привлекуваат акциите на банката „Хипо Риал Естејт“, за која германската влада на почетокот на неделава одобри пакет за санација. Вредноста на акциите на банката се зголеми за 10 проценти.

Атмосферата се подобрува и на берзата во Јапонија. По слабиот старт, и Никеи индексот забележа плус од 1,25 проценти, но заврши во минус од 0,5 проценти. Според трговците, ваквиот тренд е реакција на намалувањето на каматните стапки во САД и Европа.

Повик за повеќе оптимизам

Во првиот момент откако емисионите банки ги намалија каматните стапки, на берзите продолжи негативниот тренд поради што шефот на Европската централна банка Жан Клод Трише уште еднаш ги повика сите банкари и трговици оптимистички да гледаат на иднината

„Преголем песимизам е многу лош совет. Ние настапувме заедно и ги повикуваме сите актери на светските пазари да се вразумат, и покрај турбуленциите на пазарите,“ рече Трише.

Во текот на ноќта, владите на Франција, Белгија и Луксембург постигнаа согласност да ја спасат кредитната банка за недвижнини Дексија. Владите за една година гарантираат за сите нови кредити, кои банката ќе ги земе од други финансиски институти.