1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обид за атентат или само експлозија на петарда?

Противречни извештаи за експлозијата што се случи во близина на конвојот на иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад, во градот Хамедан. Најнапред беше јавено за напад со рачна бомба, а потоа се говореше за петарда.

default

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Првата информација што денеска (04.08.10) ја пренесе телевизијата „Ал Арабија“, повикувајќи се на извори во кабинетот на иранскиот претседател, гласеше дека шефот на државата Махмуд Ахмединеџад преживеал обид за атентат, откако експлозивна направа експлодирала во близина на неговиот конвој кој патувал на митинг во градот Хамадан.

Само петарда?

Телевизијата „Ал Арабија“, а потоа и либанското радио, неколку други арапски медиуми, како и ирански конзервативен интернет-сајт, јавија дека лице фрлило рачна бомба врз колоната возила со кои патувал Ахмединеџад, при што биле повредени неколку лица. И западните новински агенции, повикувајќи се на извори во претседателскиот кабинет пренесоа информација дека Ахмединеџад минал неповреден во нападот, а напаѓачот веднаш бил уапсен.

Dossierbild 2 Iran Sanktionen

Ахмадинеџад често говори дека Израел сака да го види мртов

Подоцна, меѓутоа, претставник на прес-службата на претседателот за неколку новински агенции и медиуми ги демантираше информациите дека Ахмединеџад денеска преживеал обид за атентат. Експлозивната направа што била фрлена во близина на неговото возило била петарда а не рачна граната.

Притоа, станувало звор за непријатен инцидент, кој не предизвикал штета, јавија неколку ирански медиуми.

Ахмадинеџад тврди дека Израел го сака мртов

Иранските власти најавија официјално соопштение кое ќе содржи повеќе подробности за денешните случувања во Хамадан.

По инцидентот Ахмединеџад настапи на митингот во овој град, кој беше дирекно пренесуван на иранската државна текевизија.

Овој инцидент се случува само два дена откако иранскиот претседател го повтори тврдењето дека Израел сака да го види мртов:

„Глупавите ционисти имаат најмено платеници за да извршат атентат врз мене“, изјави Ахмединеџад во понеделникот во телевизиско интервју.

Автор: СН/БГ/ртре/афп/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска