1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обид да се поправи грешка

Полска е подготвена да соработува на новиот штит за противракетна одбрана, и покрај првичните недоумици“. Ова е најважната порака од посетата на Централна и Источна Европа на американскиот вицепретседател Џо Бајден.

default

Се` уште не се знае многу околу новиот американски предлог, кој Варшава изненадувачки го прифати. Она што засега е познато е дека се работи за мобилен антиракетен систем. Полска треба да прими антибалистички ракети од типот СМ3, кои засега можат да бидат применувани само на воени бродови. До 2015 година системот треба да биде подготвен да функционира и на копно.

Планот на Џорџ Буш беше поинаков: штитот за противракетна одбрана требаше да ги штити Централна и Источна Европа од ирански ракети со долг дострел. На Москва не и` се допадна ваквата намера, бидејќи преку неа се чувствуваше загрозена. „Новиот предлог е многу подобар“, смета Ханс-Улрих Клозе. Заменик-претседателот на комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг и познавач на САД потсетува дека одлуката, сепак, се носи во Вашингтон.

„Американската влада мора да биде подготвена да најде подобро решение и експертите сметаат дека она што сега се подготвува во САД на крајот ќе биде многу поефикасно и од поголема корист за безбедноста на Европа, отколку првично замислените дванаесет антиракетни штитови во Полска“.

Полска е премногу заглавена во минатото

До пред два дена од Полска доаѓаа загрижени, делумно и лути тонови. Политичарите во Варшава во откажувањето од антирактениот штит во Полска и Чешка гледаа како на чин на угодување на Москва, на сметка на безбедноста на Источна Европа. Ова не е точно, вели Ханс-Улрих Клозе.

Polen USA Joe Biden bei Donald Tusk in Warschau

Џо Бајден и министерот за надворешни работи на Полска, Доналд Туск

„Сметам дека и` оди во прилог на Полска тоа што американскиот однос кон Русија се промени, во смисла на повеќе соработка. И Полска, од своја страна, би требало да го стори истото. Според моја проценка, мислам дека Полска е премногу заглавена во историјата, што исто така можам да го разберам, меѓутоа тоа не е поглед кон иднината, туку поглед кон минатото.“

Дали несензибилното однесување на Вашингтон може да го испровоцира овој поглед кон минатото кај Прага и Варшава? Корнелиус Охман, задолжен за прашања од Централна, Источна и Југоисточна Европа при фондацијата Бертелсман потсетува дека одлуката на САД да се повлечат од изградбата на антиракетен штит во Полска беше објавена токму на седумдесетгодишнината од советската инвазија во оваа земја. Затоа во посетата на Бајден се крие уште еден елемент:

„Најновиот предлог на САД е и начин американската администрација да ја поправи грешката што ја направи во септември и повторно да ја претстави Полска како важен партнер во Централна Европа. Меѓутоа, новиот предлог се` уште не докрај разработен“, вели Охман и нагласува дека сега ќе се вртат секакви информации околу новиот концепт на Обама.

Поместување на тежиштето на американската безбедносна политика

Весникот од Пентагон „Старс енд страјпс“, на пример, смета дека Вашингтон е подготвен да инвестира повеќе пари во воените бази во Бугарија и Романија. Дали тоа значи дека тежиштето на американската безбедносна политика се преместува од Централна кон Југоисточна Европа? Корнелиус Охман смета:

„Прерано е да се констатира вакво нешто. Нормално, новиот американски предлог е поопширен, не се работи веќе само за Полска или Чешка“.

Автор: Маринела Липчева Вајс / Трајче Тосев

Редеактор: Елизабета Милошевска Фиданоска