1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Обидите за ослободување на грабнатиот Германец продолжуваат

*

По смртта на еден од двајцата Германци киднапирани во Авганистан, продолжуваат преговорите за ослободување на

вториот заложник:

Сега се концентрираме со сета сила на ослободувањето на германскиот државјанин кој сеуште се наоѓа во заложништво-изјави германскиот министер за андворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. Радикално-исламистичките Талибанци во меѓувреме поставија нов услов за ослободување на германскиот инжинер за кој се верува дека е во нивен заложник. Тие имено бараат ослободување на повеќе Талибански-борци од авганистанските затвори. Германската влада не го коментираше ова барање.