1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Обете страни покажуваат мускули

На светските пазари ознаката на металската и електро-индустријата „Мејд ин Џермани„ игра важна улога. Меѓутоа, многу фирми од оваа бранша, дури и помалите, го префрлуваат производството во странство.

default

Во Германија еден работен час во просек чини 27 евра, пa многу фирми тврдат дека со толку високи давачки не се конкурентни на странските пазари. А, сепак браншата оди напред, книгите со порачки се полни. Од тие причини синдикатот на металците бара зголемување на платите за 5 насто, работодавачите го одбиваат тоа барање и нудат значително помалку. Синдикатот се заканува со штрајк на преку 3,4 милиони вработени во оваа бранша, работодавачите се закануваат со натамошно префрлување на работните места во странство. Со вакви „накострешени„ ставови, вчера во Дармштат започнаа првите тарифни преговори што се водат за околу 410 илјади од браншата во покраините Хесен, Рајнланд Пфалц и Саарланд. Евентуалниот договор ќе важи на ниво на целата земја.

Преговорите во Дармштат се почеток на најважната тарифна рунда во оваа година:

„Имам чувство дека во игра е релативно многу„, вели Фолкер Фасбендер, главниот преговарач од сојузот на работодавачите на Хесенметал, кој има целосно разбирање што вработените во браншата посакуваат повеќе пари, и дополнува:

„Како одговорен за сојузот секако гледам како губиме во индустриската супстанца во последниве години, а јас би сакал да го спречиме тој тренд. Имено, станува збор за тоа да ги задржиме работните места во Германија„.

Фасбендер страхува дека преголем додаток би водел кон натамошна загуба на работните места во металската и електро-индустријата. Синдикатот гледа сосема поинаку. Барањето од 5 проценти повеќе пари за вработените во браншата е исплатливо и има економска смисла, вели Јирген Петерс, шеф на металскиот синдикат:

„Нам ни е потребна поголема куповна моќ, зашто таа е единствената што може да ја стимулира економијата. Ако луѓето немаат пари и не можат да купуваат, тогаш ни фирмите нема да произведуваат до колку нема побарувачка. Значи, мораме да ја забрзаме побарувачката и од тие причини овие тарифни преговори се токму местото за тоа„.

Во наредните денови инаку, ќе започнат тарифните преговори и во други општини. Армин Шилд шеф на синдикалниот преговарачки тим за Франкфурт веќе покажува готовност за битка во случај во наредните недели во преговорите да нема напредок:

„Ако работодавачите не соопштат нешто поважно од постојаното ’НЕ’, тогаш е јасно дека станува збор за крај на примирјето. Ќе бидат одржани предупредувачки штрајкови, секако и во Франкфурт„.

Обврската за примирје значи дека партнерите во тарифните преговори се откажуваат од битка се додека важи тарифниот договор. Во Германија ова примирје завршува на 28 март, а само во Баден Виртенберг може да дојде до предупредувачки штрајкови уште овој месец.