1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Обелоденети антикризните мерки

Македонската влада усвои пакет од дваесетина мерки кои треба да му олеснат на стопанствтото да ја преброди кризата. Бизнисмените не очекуваат ништо спектакуларно од мерките.

default

Економијата се‘ уште ги чувствува последиците од глобалната криза, трговската размена е намалена, индустриското производство паѓа, минусот регистриран во јануари изнесува 2, 9 проценти. На стопанството му е неопходна помош.

„Владата на синоќешната седница го донесе новиот пакет мерки кои се во насока на подобрување на бизнис-климата во македонската економија“, изјави денескс (06.03.2010) премиерот Никола Груевски.

Станува збор за дваесетина мерки, кои се комбинација за подобрување на деловната клима и регулаторната гилотина.

„Мерките можат да се групираат во неколку области“, објасни вицепремиерот Владимир Пешевски.

Бизнис заедницата е консултирана. Бизнисмените се задоволни оти биле вклучени во подготовката на мерките, но не очекуваат позначајни резултати.

Flash-Galerie Symbolfoto Geiz

Прогнозите на владата се дека македонската економија во 2010 ќе оствари раст на брутодомашниот производ од 2 процента

Бизнисмените велат - ништо спектакуларно

„Нема ништо спектакуларно“, оцени Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Од почетокот на кризата, Владата донесе три пакети антикризни мерки - за подобрување на даночната и царинската политика, намалување на социјални придонеси, за водење на разумна фискална политика, или се‘ вкупно во вредност од над 300 милиони евра. Премиерот Груевски нагласи дека иако 2009 година била исклучително тешка, Македонија поуспешно се справила со кризата од поголемиот број европски земји.

Прогнозите на владата се дека македонската економија во 2010 ќе оствари раст на брутодомашниот производ од 2 процента. Меѓународните економски фактори сметаат дека оваа проекција е преоптимистичка и оти економијата на Македонија годинава нема да забележи раст.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска