1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Обезглавен американски заложник

Во Ирак продолжуваат и борбите меѓу шиитските бунтовници и коалиционите сили

Американски војник во Наџаф

Американски војник во Наџаф

Групата на јорданскиот терорист Абу Мусаб Ал Заркави денеска обезглави еден американски заложник во Ирак , во чии јужни краишта и денеска војуваат сојузничките сили и припадниците на шиитската радикална парамилиција . Премиерот на преодната влада Ијад Алави им понуди ограничена амнестија на бунтовниците во земјата .

Инаку снимката со обезглавувањето на американскиот заложник се појави на еден исламистички веб сајт утринава .

Зад ова убиство како што беше истакнато на снимката стои групата Ал Заркави. Американецот на снимката за себе вели дека е од Сан Франциско и ги повикува американските војници да го напуштат ирак бидејќи во спротивно ќе се соочат со смрт.

Пратходно утрината групата на Ал Заркави се закани дека ќе го убие премиерот на ирачката преодна влада Илајд Алави но и останатите високи претставници на властите .

Премиерот пак денеска се појави пред телевизија нудејќи амнестија за оние бунтовници кои извршиле помали криминални дела како поседување на оружје и експлозиви или оние кои имале намера да учествуваат во напади.

Алави ја повтори својата заложба за што побрза политичка транзиција на Ирак .

Во меѓувреме третд ден по ред продолжуваат судирите меѓу американските сили и припадниците на парамилицијата лојална на радикалниот шиитски верски лидер Моктада Ел Садр . Според Американците во борбите биле убиени преку 300 герилци и двајца маринци .