1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Обединување на руските цркви

По осум децении поделба, православните христијани во Москва го прославија повторното обединување на московскиот патријарх со црквата во странство. Патријархот на руската црква Алексеј Втори и митрополитот на странската црква во САД, Лаурус, вчера потпишаа „Акт на канонска заедница„. На свечената церемонија учествуваше и претседателот Владимир Путин кој се заложи да дојде до ова обединување. Во безредијата во руската револуција од 1917 година, на Запад избеганите свештеници формираа руска црква во странство. До поделба дојде во 1927 година кога православната црква во Русија се смири со атеистичката советска власт поради што црквата во странство ги прекина сите односи.