1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обединетите нации со помал буџет

Обединетите нации, по долги преговори, постигнаа сдоговор за намалување на буџетот. Генералното собрание на ОН вчеравечер (24.12) изгласа буџет од 5,15 милијарди долари.

default

Седиштето на ОН во Њујорк

Во споредба со буџетите од 2010 и 2011 година, ОН ќе имаат пет проценти помалку пари. Ова е вторпат во 50-годишната историја на светската организација да биде договорен понизок буџет. Кратење на средствата имаше и во 1998 година. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, им се заблагодари на земјите членки.

UN Logo

Согласноста е постигната по долги преговори и судири меѓу земјите во развој и индустриските држави, кои даваат најмногу пари за ОН. Само САД треба да обезбедат 22 проценти од средствата за буџетот на светската организација. Штедење, покрај САД, бараат и многу европски држави.

Во буџетот договорен вчера, не се внесени трошоците за мировните мисии на ОН. Тие изнесуваат над 7 милијарди долари годишно.

Автор: ЕМФ/афп/ртр

Редактор: Симе Недевски