1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Обединетите нации и катастрофата во Јужна Азија

Координацијата на меѓународната помош за подрачјата зафатени од катастрофата ја презедоа Обединетите нации, што сепак не е поддржано од сите земји.

“Генералниот секретар во последните два дена директно ги праша премиерите на погодените држави што им е потребно и лично ги повика големите донаторски држави за помош, подвлекувајќи ја притоа координативната улога на Обединетите нации“.

Според информациите на неговиот претставник, Кофи Анан најдоцна утре ќе ја преземе улогата на главен кооординатор, а итната помош на светската организација веќе се одвива со полна пареа: УНИЦЕФ се концентрира на снабдување со вода во Индија и на Малдивите, како и за медицинско згрижување во Индонезија. Светската програма за храна се обидува да снабди 500 илјади луѓе во Шри Ланка. Програмата за развој и агенцијата за бегалци се грижат за сместување во Шри Ланка и на Малдивите. Тајланд засега може самиот да си помогне, но сепак постои и петто место за ангажман, вели одговорниот потсекретар Јан Егеланд, а тоа е Сомалија:

“Имаме пет параралени места за операции, а не само едно. Тоа ги исцрпува нашите можности за дејствување“.

И покрај готовноста за помош во целиот свет, сета операција е тешка за искусните соработници на ОН во вакви систуациии, тврди Егеланд:

“Координацијата сега е од животна важност. Ова е една од најголемите операции за помош во историјата“.

Обединетите нации инаку, на многу аеродроми формираа пунктови за снабдување на помошниците од целиот свет, за да не им паднат на товар на погодените држави. Но, Егеланд апелира:

“Ниту еден помошник не смее да дојде без сопствено снабдување, зашто нема локална инфраструктура што ќе им помогне во тоа“.

На располагање се 250 милиони долари итна помош што ќе им биде на располагање на Обединетите нации, на Меѓународниот црвен крст и на други хуманитарни орагнизации. Обновата пак, се проценува, ќе бидат потребни милијарди и за тоа ќе биде потребно многу време, проценува Дејвид Набаро од светската здравствена организација:

“Ќе трае со месеци, можеби со години за општеставата таму да заздрават од оваа катастрофа“.

За овие милијарди сега апелираат Егеланд, Анан и други. Нивната порака е дека Обединетите нации мораат да се на прво место. Ниту една друга институција нема таква глобална одговорност ниту стручна екипираност. Меѓутоа во САД веќе започна сопр за парите за помош и за улогата на ОН:

“Каде беа Обединетите нации за целото време? Дали ОН не можеше ова да го предвиди? Што прават друго освен што одржуваат прес-конференции?“, прашува аналитичарот Клиф Меј.

САД имаат намера својата помош да ја координираат во алијанса со Индија, Јапонија и Австралија. Дали овие четири ќе се ангажираат надвор од групата 24 најважни донатори на хуманитарна помош во ОН, се уште не е ајсно. Претседателството на овој гремиум чија првенствена задача е помошта за катастрофата од поплавата, од 1 јануари ја презема еден Германец: вториот амбасадор во ОН, Волфганг Траутвајн.