1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Обединетите нации ги очекуваат ветените пари

В четврток во Џакарта ќе се одржи меѓународна донаторска конференција на земјите од групата АСЕАН на која ќе учествува и генералниот секетар на Обединетите нации Кофи Анан.

Потребни се хеликопетри

Потребни се хеликопетри

Тој е скептичен во однос на тоа дали веќе ветените средства за погодените земји ќе бидат исплатени.

“Досега од владите и Светската банка се ветени две милијарди долари. Но, на крајот нема да биде на располагање сето тоа за помош и за обнова“.

Сепак Кофи Анан е повеќе оптимист пред самитот на АСЕАН отколку кај другите донаторски конференции на кои големите зборови беа проследени со помалку пари од ветените. Анан образложува:

“Самиот регион е многу ангажиран. Азија не е без ресурси и на средбата во Џакарта ќе разговарам со сите лидери од регионот. Затоа мислам дека имаме подобра шанса вистина да добиеме голем дел од од ветувањата“.

Јан Егеланд кој ја координира хуманитарната помош на Обедиените нации е одушевен од готовноста за помош:

“Се појавија сосема нови земји-донатори кои никогаш порано не го правеле тоа: Непал, Источен Тимор...Реагираа некои од најсиромашните земји во светот. Кина и Индија спаѓаат меѓу оние со најголеми донации“.

"Мисли на големо“ бара Егеланд. Не се потребни единечни хеликоптери, туку носачи на хеликоптери. Откривањето на загинатите ниту оддалеку не е завршено, вели Егеланд:

“Бројката мртви ќе расте посебно на западниот брег на Суматра. Колку се точно никогаш нема да знаеме, но мораме да сметаме на уште десетици илјади нови жртви“.