1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обвинувањата за изборни манипулации се множат

Две недели по претседателските избори продолжува пребројувањето на гласовите. Според последните делумни резултати, актуелниот претседател Хамид Карзаи освоил 47,3, а неговиот конкурент Абдула Абдула 32,6 насто гласови.

default

Пребројувањето на гласовите продолжува

Пресконференциите за изборите, во меѓувреме, стануваат вистински ритуал во Кабул. На секои два до три дена, Независната изборна комисија објавува уште еден дел од резултатите. Актуелната состојба гласи: преброени се околу 60 проценти од гласовите. Во водство со комфорна предност е актуелниот претседател Хамид Карзаи.

Flash-Galerie Wahlen Afghanistan

Претседателскиот кандидат Абдула Абдула е поранешен министер за надворешни работи

2000 приговори за нерегуларности

Тој полека се приближува кон границата од 50 проценти, која треба да ја мине за да не мора да оди на втор круг гласање. Веројатно тоа и ќе се случи, но прашањето е - дали на исправен начин. Главниот предизвикувач на Карзаи, Абдула Абдула повторно искажа тешки обвинувања:

„ Ако ме прашавте пред еден месец, дали би ја прифатил победата на Карзаи во еден веродостоен процес, ќе одговорев ’Да, се разбира’.“ Сега, меѓутоа, кога јас и луѓето во Авганистан сме сведоци на огромна измама, измама организирана од државата, потребен ни‘ е функционален процес. Ако процесот функционира, Карзаи не може да победи.“

Она што Абдула го означува како „ процес“ со јасни зборови, би требало да значи следново: веќе сега во комисијата за жалби се пристигнати повеќе од две илјади приговори, а стотици од нив, според наводите на комисијата, имаат највисок приоритет. Тие би можеле да влијаат врз исходот од изборите.

Конечните резултати во септември

Можно е веќе во наредните денови изборната комисија да ги соопшти прелиминарните конечни резултати од изборите,

Wahlen in Afghanistan

Колку гласачки кутии се наполнети со лажирани гласачки ливчиња?

но тие ќе стојат на стаклени нозе, зашто обвинувањата за изборна измама се’ уште не се обработени.

Абдула, но и независните набљудувачи на изборите говорат за масовно полнење на гласачките кутии во места каде воопшто не се гласало. За доброто на демократијата во Авганистан, Абдула бара потполно разјаснување на ваквите обвиненија:

„Зборувам за иднината на Авганистан. И за меѓународниот ангажман во Авганистан. Тие не би можеле да поддржуваат една нелегитимна влада со повеќе трупи и пари. Мора да се покрене процес кој ќе издејствува на крајот изборниот резултат да ја отсликува волјата на народот“ .

Конечните официјални резултати од авганистанските претседателски избори се очекуваат на крајот на септември.

Автор: Каи Кистнер / Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска