1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обвинителот бара затвор за Берлускони

Во процесот околу даночно затајување во концернот Медиасет, обвинителството во Милано побара казна затвор од три години и осум месеци за поранешниот премиер на земјата Силвио Берлускони.

Обвинителот Фабио де Паскале изјави дека Силвио Берлускони недвосмислено бил на чело на „синџирот на издавање наредби“ во времето кога се случувала даночната измама. Освен тоа, црните каси во странство носат „отисоци на прстите“ на Берлускони, рече тој.

Во процесот станува збор за цените на права на пренос на филмови, кои вештачки биле зголемувани. Фирми кои му припаѓале на Берлускони, според обвинителството, ги купувале правата и потоа повторно му ги продавале на Медиасет. На тој начин, Медиасет прикажувал помала добивка и плаќал помалку данок. Паскале изјави дека само во периодот од 1994 до 1998 година цените за права за филмови биле зголемени за износ од 292 милиајрди евра. Во времето до 2001 до 2003 година пак, трошоците изнесувале околу 40 милиони евра.

Доколку биде прогласен за виновен, на Берлускони му се заканува казна зтавор во траење од 18 месеци до шест години. За неговата десна рака, шефот на Медиасет Фиделе Конфалониери, обвинителството бара казна затвор во траење од три години и четири месеци. Берлускони го основаше Медиасет во 1970-тите години, а на медиумската империја и‘ припаѓаат и трите најголеми приватни телевизии во Италија.