1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обвинение за тероризам против норвешкиот атентатор Бреивик

Државното обвинителство во Норвешка покрена официјално обвинение за тероризам против Андерс Беринг Бреивик, кој пред повеќе од седум месеци изврши масакар во кој загинаа 77 луѓе.

Обвинението на Бреивик му беше прочитано во затворот недалеку од Осло, каде се очекува почетокот на судењето на 16 април. „Беше потполно мирен“ изјави Торе Јо Нилсен, еден од полицајците кои му го доставиле обвинението. Бреивик призна дека го извршил злосторството, но во правна смисла се изјасни за невин. Во моментов во тек е повторната проверка на неговата прихичка состојба. Во првото вештачење тој беше прогласен за психотична и параноидно шизофренична личност, несоодветна за затворска казна. Тоа предизвика огромни критики кај роднините на жртвите.

Бреивик на 22 јули 2011 година уби 77 луѓе, откако претходно подметна бомба во близина на зградата на норвешката влада во Осло, а потоа на островот Утоја, недалеку од Осло пукаше кон учесниците на летниот камп  на младите лабуристи.

Автор: СН/макфакс/дапд

Редактор: Е.М.Фиданоска