1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама ќе гради нови атомски централи

САД три децении се воздржуваа од изградба на нови атомски електрани. Сега земјата сака да ја намали зависноста од увозот на нафта и да даде придонес во заштитата на климата, соопшти американскиот претседател Барак Обама.

default

Претседателот Барак Обама

Додека во Германија се води остра дискусија околу откажувањето од производство на енергија од атомски централи и повторно се поставува прашањето за продолжување на работата на постојните, САД одат чекор натаму. Американскиот претседател Барак Обама се реши на изградба на нови нуклеарни централи. Тој најави државни кредити во висина од околу осум милијарди долари за изгадба на два реактори во американската сојузна држава Џорџија. „Инвестирањето во нуклеарна енергија значи нужен чекор. За да ја покриеме растечката потреба од енергија и да ги избегнеме најлошите последици на промената на климата, мораме да ја зголемиме понудата од нуклеарна енергија, тоа е едноставно“, изјави јасно Обама.

Тој најави изгардба на нова генерација посигурни и поеколошки нуклеарни капацитети. Атомската енергија Обама ја означи за чист енергетски извор, кој неговата влада ќе го стимулира исто како и енергијата добиена од ветер и соларната.

Треба да се отворат нови работни места

Atommüllfässer

Двата нови реактори треба да бидат изградени на подрачјето на веќе постоечка атомска централа во Џорџија. За време на нивната изградба ќе бидат создадени илјадници нови работни места како и 800 постојани, најави американскиот претседател. Новите постројки ќе испуштаат 16 милиони тони јаглероден диоксид помалку отколку во централа за производство на енергија на погон од јаглен со споредбена сила. Обама призна дека атомската енергија има и сериозни недостатоци. Како пример го спомена нерешеното прашање на складирање на радиоактивниот отпад. Но, спорот околу атомската енергија не смее да не` одврати од напредокот, побара Обама, укажувајќи дека САД не смеат да го загубат чекорот со земјите како Франција, Кина или Јужна Кореја, кои масивно инвестираат во атомската енергија.

САД 30 години се воздржуваа од изградба на нови атомски централи

Harrisburg

По топењето на јадрото во „Три мајл ајленд“ во САД не се изградени нови атомски електрани

По катастрофата во нуклеарката „Три мајл ајленд“ САД три децении се воздржуваа од изградба на нови погони. Во централата кај Харисбург, главниот град на сојузната држава Пенсилванија, се случи најголемата катастрофа од овој вид во САД, кога во 1979 година кога во еден реактор дојде до делумно топење на јадрото. Во јануари во својот говор за нацијата Обама веќе најави изградба на нова генерација посигурни и почисти атомски електрани. Во буџетот се предвидени 54,5 милијарди долари како кредитни гаранции за нивна изградба.

Автор: ЖА/ТТ/афп/дпа/ртр

Редактор: Александра Трајковска