1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама ќе ги номинира новите шефови на ЦИА и Пентагон

Американскиот претседател Барак Обама, според наводи од Белата куќа, донесе одлука за две важни персонални решенија. Џон Бренан треба да биде нов шеф на ЦИА, а Чак Хејгел шеф на Пентагон.

За функцијата шеф на тајната служба ЦИА, американскиот претседател Барак Обама го номинира неговиот советник за антитероризам Џон Бренан (фото: лево), соопшти претставник на владата. Бренан треба да биде наследник на поранешниот генерал Дејвид Петреус, кој поднесе оставка поради вонбрачна афера. Бренан е долгогодишен службеник во ЦИА, со стаж од 25 години во разузнавачката агенција. Обама планираше да го назначи за прв човек на ЦИА уште во 2008 година, но тогаш Бренан ја повлече својата кандидатура поради сомневањата дека бил поврзан со тортури кои ги вршела ЦИА, додека бил во нејзините редови за време на владеењето на Џорџ Буш помладиот. Тој демантираше дека е вмешан во таквите измачувања врз приведени лица.

Нов министер за одбрана би требало да биде Чак Хејгел (фото: десно). Актуелниот шеф на Пентагон Леон Панета се повлекува од оваа функција. Изборот на Хејгел најверојатно, според проценките на аналитичарите, ќе предизвика дебата при утврдувањето на неговата кандидатура во Сенатот, поради неговите ставови кон стратешкиот сојузник на САД, Израел. Поранешниот сенатор од американската сојузна држава Небраска ги критикуваше плановите за воен напад врз Иран од страна на еврејската држава и ги поддржува напорите да се натера Техеран да седне на преговарачката маса.

Двете номинации треба да бидат одобрени од Сенатот на САД.