1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама ја презема должноста американски претседател

Барак Обама денеска поднесе свечена заклетва и стана 44-тиот претседател на САД. Давањето заклетва и парадата потоа претставуваат политички ритуал од највисок ранг во американското општество.

default

Обичните Американци во него гледаат надеж за подобра Америка

На почетокот на свеченостите се огласуваат фанфарите, за потоа новоизбраниот шеф на Белата куќа да положи заклетва пред Врховниот судија на нацијата и пред пленумот на Конгресот. Заклетвата се полага, се разбира, со ставање рака на Библијата, иако тоа уставот изречно не го предвидува. Новиот шеф на американската администрација, Барак Обама, одбра да ја положи заклетвата пред примерокот на Библијата на кој се заколнал и големиот Абрахам Линколн, еден од татковците на нацијата кој се смета за ослободител на робовите.

Само првиот претседател Џорџ Вашингтон ја положи заклетвата во тогашниот главен град, Њујорк. Сите подоцнежни претседатели тоа го правеа во новиот главен град, Вашингтон. А од 1981 година церемонијата се одвива на скалите од западното крило на Капитол, од каде што се простира прекрасен поглед кон спомениците на татковците на нацијата.

Традиција и нови акценти

За секој нов претседател постои непишана обврска да ги простудира говорите на првите претседатели на САД и да внесе делови од нив во сопствениот говор, како и да даде нови акценти, по кои можеби ќе го помни историјата.

Konferenz von Casablanca 1943

Претседателот Рузвелт (втор од лево) на конференција во Казабланка во 1943-та година

Така, Франклин Рузвелт во свечениот говор при стапувањето на должност рече дека „Америка не треба да се плаши од ништо, освен од стравот“. Од говорот на Кенеди остана запаметена фразата: „Не прашувај што може твојата земја да стори за тебе, туку прашај што можеш ти да сториш за неа!“

Меѓутоа, во говорот на новиот претседател нема само историски патос и политички гламур, туку и укажување на основните акценти на политиката што тој има намера да ја води. Така, Бил Клинтон во 1997 година најави нова социјална и образовна политика за светската суперсила. „Ајде да изградиме американски дом за 21 век, во кој ќе има место за секого да седне на маса и ниту едно дете да не биде запоставено...“

Bill Clinton in Nordirland

Бил Клинтон беше омилен претседател на Американците

Роналд Реган, пак, му се закануваше на Советскиот Сојуз во говорот: „Противниците на слободата, нашите потенцијални непријатели, ќе ги потсетиме дека мирот е најголемиот стремеж на американскиот народ. За него ќе преговараме, за него ќе принесеме жртви, но никогаш нема од него да се откажеме...“

Свечена парада

Роналд Реган беше првиот американски претседател кој поради многу студеното време на неговата инаугурација се откажа од свечената парада по авенијата Пенсилванија.

Ronald Reagan, ehemaliger US Präsident ist im Alter von 93 Jahren gestorben

Роналд Реган даде голем придонес за надминувањето на „железната завеса“

Затоа, пак, Џими Картер како единствен досега ја мина целата авенија пеш. Кај вториот мандат на Џорџ Буш по должината на авенијата имаше демонстрации против неговата политика.

„Многумина Американци не го поддржуваат Буш и го сметаат за катастрофа...“

Скап општествен ритуал

За многумина Американци присуството на свеченостите по повод стапувањето на должност на новиот претседател е посебно доживување и подготвени се за тоа да дадат многу пари.

Amtseinführung von George Bush

Џорџ и Лаура Буш на парадата по инаугурацијата

Со месеци однапред хотелите во Вашингтон се пребукирани, а приватни лица изнајмуваат соби или дури само кревети за неверојатни цени до 20.000 долари по ноќ, секако зависно од местоположбата на станот. Притоа, мора да се каже дека ноќите за време на еднонеделните свечености се навистина куси, бидејќи градот е преполн со разни манифестации, како и со вечерни балови за елитата.

DW.COM