1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама ја запира депортацијата на млади нелегални имигранти

Среде изборната кампања во САД, претседателот Барак Обама најави олабавување на политиката на доселување.

Американскиот претседател Барак Обама во петок најави дека ќе ја запре депортацијата на млади луѓе кои нелегално имигрирале во САД и дека ќе се заложи за создавање на подобар и поправеден систем. Со олабавувањето на доселеничката политика ќе бидат опфатени нелегалните имигранти кои како деца или млади дошле во САД. Тие повеќе нема да бидат протерувани од земјата .

Oбама изјави дека „нема никаква смисла да се протеруваат млади и талентирани луѓе“ кои во суштина се Американци. Претседателот на САД изјави и дека во врска со тоа преземал иницијатива за „поправање на расипаниот систем“. Се проценува дека со новата мерка ќе бидат опфатени 800.000 луѓе кои живеат нелегално во САД и стравуваат од можна депортација.

Ваквата иницијатива треба да му помогне на Обама во изборната година да ја добие поддршката на големиот број припадници на Хиспано заедницата, која се смета за важна изборна група на демократите. Иницијативата во суштина преставува остварување на она што е предвидено со т.н. Дрим акт, а тоа е младите луѓе што нелегално дошле во САД може да добијат државјанство, но под услов да пристапат во американската армија или да се запишат на колеџ.