1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама уште еднаш успеа

Американскиот претседател Барак Обама ја потпиша најопсежната реформа на финансискиот пазар во последните децении во САД, која треба да спречи нови финансиски кризи.

default

Барак Обама ја потпишува финансиската реформа

Поради притисок на некои сенатори како и финансиската бранша, реформата не предвидува толку строги мерки како што првично беше планирано.

„Американците никогаш повеќе нема да мора да плаќаат за грешките на Вол Стрит“, изјави претседателот, кратко

Wallstreet

Американците никогаш повеќе нема да мора да плаќаат за грешките на Вол Стрит, изјави Обама

пред церемонијата на потпишувањето во Вашингтон. Реформите се „најсилната заштитна мерка за потрошувачите“ во историјата на САД.

При пишувањето на новите мерки за регулирање на пазарите, во преден план стоеле граѓаните, а не финансиските институции. Сепак, новините се добри и за економијата. Реформата предвидува формирање на институција за заштита на потрошувачите, која ќе биде под капата на американската Централна банка. Меѓу најважните мерки се вбројува и системот за рано предупредување со кои во иднина би можеле да се избегнат нови финансиски кризи. Многу експерти сметаат дека нерегулираните и високоризични финансики потези на Вол Стрит во Њујорк беа причината за светската финансиска криза. Реформата на финансискиот пазар е вториот внатрешнополитички капитален проект, по реформата на здравствениот систем, кој претседателот Обама успеа да го протурка низ Конгресот.

Автор: АТ/ГБ/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска