1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама триумфираше во Ајова

Барак Обама и Мајк Хакаби се првичните фаворити за претседателска номинација во редовите на Демократската и Републиканската партија во САД.Дали американските гласачи се решени на промени?

default

Барак Обама ја остави зад себе Хилари Клинтон

На прелиминарните избори во сојузната држава Ајова, двајцата кандидати Барак Обама и Мајк Хакаби ги победија своите фаворизирани противкандидати Хилари Клинтон и Мит Ромни. Иако станува збор за прв чекор кон претседателската номинација, аналитичарите оценија дека резултатите се јасен знак оти американските гласачи се жедни за промени.