1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама станува нестрплив

На првата средба на тројката Обама-Нетанјаху-Абас за мировниот процес на Блискиот Исток не е постигната согласност околу натамошните чекори што треба да се преземат за страните повторно да се вратат на преговарачка маса.

default

Барак Обама, Махмуд Абас и Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по разговорите изјави дека мора да се преговара што е можно побргу и тоа без поставување предуслови. Претседателот на Палестинците, Махмуд Абас, го повтори своето барање - Израел прво да запре со градење доселенички населби, а потоа да се седне на маса за преговори.

Без дипломатска љубезност

На малиот троен самит не стануваше збор за дипломатска љубезност. Стануваше збор за растечката нетрпеливост на американскиот претседател поради актуелната блокада на мировниот процес на Блискиот Исток:

„Време е да се да се покаже флексибилнсот, разум и подготвеностз а компромис за да се стигне до заедничката цел“, рече Обама во Њујорк.

Barack Obama trifft auf Benjamin Netanyahu und Mahmoud Abbas Flash-Galerie

Средба заради средба

Мичел се врати со празни раце

Во изминатите денови, Белата куќа направи напор да ги амортизира очекувањата од првиот самит за Блискиот Исток во ваква состав, откако специјалниот американски пратеник за регионот, Џорџ Мичел, по еднонеделните посреднички напори на Блискиот Исток, во Вашингтон се врати со празни раце. Целта на САД е двете страни да обезбедат основа за враќање на преговарачка маса за да се стигне до решение по прашањата околу кои досега нема согласност. Тука се вбројуваат прашањето на границата, статусот на Ерусалим, враќањето на палестинските бегалци и иднината на еврејските доселенички населби.

„ Сите се согласни дека тоа не е лесно, но средбата се одржува затоа што тоа е единствениот вистински потег“, рече Обама, кој им даде задача на министерката за надворешни работи, Хилари Клинтон и посредникот Мичел да се зафатат со поттикнување на мировниот процес и да му поднесат извештај до средината на октомври.

Автор: Томас Шмит/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

Audio-Link:

Ende