1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама: Смртта на Гадафи силна порака за диктаторите

Смртта на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи минатата недела е силна порака до диктаторите, изјави во интервју за телевизијата Ен-Би-Си, американскиот претседател Барак Обама.

default

Барак Обама

„Гадафи е човек, кој во период од 40 години ја тероризираше земјата и го поддржуваше тероризмот. За време на Арапската пролет имаше можност да внесе промени во владеењето и да овозможи мирен премин кон демократија, но тој не ја прифати“, нагласи Обама во емисијата на Џеј Лено. „Јасно е дека не сакаме да гледаме како некој завршува на таков начин, но сметам дека овој настан е порака до дикаторите во целиот свет, дека луѓето сакаат да бидат слободни, а лидерите се должни да ги почитуваат нивните основни човечки права и стрежеми“, истакна Обама.

Американскиот претседател меѓутоа го критикуваше начинот како новата либиска власт се однесувала со посмртните останки на Гадафи. Тој порача дека ни некој како Гадафи не заслужил по смртта да биде јавно изложен.

Автор: ГЧ/ афп

Редактор: А. Трајковска