1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама се подготвува за преземање на власта

Eкспертите од изборниот тим на новиот претседател на САД, Барак Обама спроведуваат интензивни подготoвки за преземање на власта во Белата куќа.

default

Сега почнува сериозната работа: победникот Обама и неговиот потпретседател Бајден со семејствата

Остануваат уште 76 дена до моментот кога Барак Обама и официјално ќе биде инаугуриран како 44-ти претседател на САД. На скалите на Капитол во Вашингтон уште денеска почнаа работите за монтажата на свечената бина. Досегашниот жител на Белата куќа вчера му вети на наследникот потполна соработка во процесот на преземање на власта:

„Му реков на ново избраниот претседател дека може да смета на комплетна соработка на мојата администрација додека да се всели во Белата куќа. Во овој период ќе го информирам идниот претседател за сите поважни одлуки“ – нагласи Џорџ Буш.

Само рутинска најава или...

Ваквото нагласување на подготвеноста на соработка од страна на претседателот на заминување не е случајно, ниту пак рутинско. Американските тајни служби имено сметаат дека терористичките структури ќе се обидат да го искористат токму периодот на примопредавање на власта во Вашингтон за изведување атентати.

Präsident Bush betritt den Rosengarten des Weißen Hauses und gratuliert Obama zur gewonnen Wahl

Претседателот на заминување Џорџ Буш му честиташе на победникот и му вети полна соработка во предавањето на власта

„Влегуваме во период на промени во Вашингтон, но при тоа има работи кои нема да се сменат. Американската влада останува будна за да го штити народот. И светот може да биде сигурен дека оваа определба останува и под следниот врховен комендант на американската војска.“

Ново избраниот претседател Барак Обама веќе денеска ќе има средба со шефовите на американските тајни служби, при што ќе станува збор за ситуацијата во Ирак и во Авганистан, а веројатно и за вчерашната најава на Русија дека ќе инсталира ракети со кус дострел во енклавата Калининград. Тоа е одговор на официјална Москва на плановите на САД за стационирање на делови од анти-ракетниот штит во Полска и Чешка.

Шпекулации околу министерскиот состав

Од денеска исто така најблискиот тим соработници на идниот претседател ќе формира биро за подготовка на идната американска администрација. Тоа ќе има меѓу другото задача да изготви нацрт закони за спроведување на изборните ветувања на Обама, како и да го подготви изборот на најважните министри.

Stabchef Rahm Emanuel und Barack Obama

Ќе ги гледаме ли почесто заедно? Барак Обама со советникот Рам Емануел

„Тој врши подготовки за скорешно именување на министер за финансии. Исто така брзо ќе бидат именувани министрите за надворешни работи и за одбрана, токму поради актуелната ситуација. САД водат две војни, а имаат и економска ситуација што не е добра.“

Околу најблиските соработници на идниот претседател во Вашингтон се шпекулира веќе со недели. При тоа најчесто се спомнува едно име: Ралф Емануел. Тој е пратеник во Конгресот и веќе на Бил Клинтон му беше близок советник. Обама наводно веќе му го понудил на Емануел влијателното место на шеф на неговиот кабинет во Белата куќа.

DW.COM