1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама се бори за затворање на „Гвантанамо“

Американскиот претседател Барак Обама цврсто опстојува врз затворање на заробеничкиот логор во Гвантанамо на Куба до 2010 година. Затворот е срам за САД, рече тој во говорот за националната безбедност.

default

Обама ги изложи плановите за спорниот логор

Затворањето на логорот во Гвантанамо не влијае врз безбедноста на САД, нагласи Обама на самиот почеток од говорот.

„Постоењето на Гвантанамо веројатно придонесе за појава на повеќе терористи, отколку што било кога беа затворени во него“, оцени претседателот.

Тој им упати јасни зборови на своите критичари, кои во изминатите недели му префрлуваа дека затворање на Гвантанамо значи и помала безбедност за САД.

„Сакам да ги решам тие проблеми, заедно со Американците. Предизвикување паника , кое се прави секогаш кога се дискутира за оваа тема, не ни помага многу“.

Обама ги подели преостанатите 240 затвореници во пет категории. На можните сторители на кривични дела би требало да им се суди пред цивилни судови во САД. Затворениците осомничени за воени злосторства досега беа судени од спорните воени комисии. Потоа, има група за кои американски судови веќе наредија да бидат отпуштени од затвор. И, конечно, група од 50 затвореници треба да биде транспортирана во странство.


Автор: Јенс Борхерс/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска