1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама сака поинаков свет

Првиот ден од генералната дебата на Генералното собрание на ОН мина во знакот на првиот настап на американскиот претседател Барак Обама. Тој побара крај на поделбите и заедничка работа на сите земји.

default

Обама во ОН

„Дојде време светот да почне да се движи во нова насока“, рече американскиот претседател пред делегатите во Њујорк.

„Мора да почнеме нова ера на ангажман заснован на заеднички интерес и заемна почит. Нашата работа мора да почне сега!“

САД, според Обама, се подготвени да преземат водство, но да дејствуваат треба сите. „Исто како што ниту една земја не може да се изолира од светот, не може ниту која било земја, се‘ едно колку е голема и моќна, сама да одговори на предизвиците“, рече Обама, нагласувајќи:

„Со зборови и дела баравме нова ера на ангажирање со светот и сега е време за сите нас да ја поделиме одговорноста за да дадеме глобален одговор на глобалните предизвици.“

Заложбата на Обама доби пофалби

Шведскиот премиер и актуелен претседавач на ЕУ, Фредерик Рајнфелд ја поздрави волјата на САД повторно да се анагжираат повеќе во меѓународните организации. „Тоа ја отвора вратата за нова ера на меѓународна соработка, која ветува многу“, рече Рајнфелд.

Gaddafi vor UN-Vollversammlung

Либискиот лидер Гадафи повторно предизвика скандал

За потесна соработка се заложи и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, особено со оглед на предизвиците како гладот, енергетската криза и рецесијата во светот.

Реформа на Советот за безбедност

Првиот ден на генералната дебата на ОН донесе и свеж ветер во дискусијата околу реформата на Советот за безбедност. Францускиот претседател, Никола Саркози побара постојано место за Африка, но и за Јужна Америка, Индина, Јапонија и Германија. „Од оваа реформа зависи легитимитетот на ОН“, рече тој. Италијанскиот премиер Силиво Берлускони, пак предупреди од опасноста од приширување на бројот на членките, зашто како што рече, на тој начин само ќе се засили чувството кај другите земји дека се исклучени.

UN-Generalsekretär Ban Ki Moon vor der Vollversammlung

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Скандал на свој начин, во дебатата предизвика и либискиот лидер, Моамер Ел Гадафи. Тој остро ги нападна ОН и го обвини Советот за безбедност дека казнува беспомошни земји со резолуции и на тој начин им остава печат на „нации од втор ред“. „Не треба да се вика Совет за безбедност, туку „Совет за терор“, рече возбудениот Гадафи кој зборуваше цели час и половина.

Автор: ЕМФ/АТ/дв

Редактор: Жана Ацеска