1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама сака да го намали буџетскиот дефицит

За санација на американскиот буџет претседателот Барак Обама има намера да го намали дефицитот за дополнителни три илјади милијарди долари во наредните десет години.

default

Американскиот претседател, Барак Обама

Обама денеска во говор во Белата куќа, меѓу другото, ќе предложи темелна преработка на даночните закони. Меѓу предлозите е и укинување на даночните олеснувања за богатите. Обама ќе предложи и инвестиции во образованието, обновливите енергии и обезбедување нови работни места.

Плановите најверојатно повторно ќе предизвикаат жестоки критики од страна на републиканците. За нив зголемување на даноците не доаѓа предвид. Тие го обвинуваат Обама дека пред изборите во 2012 година сака да ги заврти богатите против сиромашните. Претставник на владата околу програмата за санација што ќе ја објави Обама изјави дека „Претседателот ќе стави јасно до знаење дека нема да даде поддршка на намерите од некои Американци да се бара нешто, а од други не“. Според изјава на неименуваниот претставник на администрацијата, што го цитира АФП, Обама би требало да стави вето на сите обиди на републиканците за кратење на здравствените услуги за сениорите, без притоа „својот дел да го платат“ и најбогатите граѓани во земјата и големите претпријатија.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дв/афп

Редактор: Борис Георгиевски