1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама сака да ги удри најбогатите по џебот

Американскиот претседател Барак Обама има намера да воведе данок за луѓето кои заработуваат над милион долари годишно. Извесно е дека републиканците ќе се спротистават на предлогот.

default

Обама бара решение за должничката криза

Утре американскиот претседател Барак Обама ќе предложи зголемување на минималните даночни стапки за богатите граѓани кои заработуваат повеќе од милион долари годишно за да се изедначат со даночните стапки за средната класа, објави „Њујорк тајмс“.

Предлогот ќе биде вклучен во неговиот план за намалување на дефицитот во следните 10 години.

Весникот, повикувајќи се на извори во администрацијата, оценува дека со тој предлог во време кога т.н. супер-одбор на Конгресот почнува да работи на договор за долгорочно намалување на буџетот, притисокот на Обама врз републиканците добива нов популистички облик.

Geld Bank Tresor Symbolbild

Претседателот има намера да го нарече „Бафет правило“ по Ворен Бафет, милијардер кој во повеќе наврати го критикуваше даночниот систем во кој најбогатите плаќаат помалку од средната класа бидејќи приходите од инвестиции се одданочуваат по пониска стапка.

Не се изнесени детали за предлогот, но е извесно дека републиканците ќе се спротистават бидејќи сметаат дека со тоа се обесхрабруваат инвестициите, а никаков план за зголемување на данок нема да успее без нивна поддршка.

Предлогот за нови даночни стапки се однесува на само 0,3 отсто даночни обврзници односно на помалку од 450.000 луѓе.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Борис Георгиевски