1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама реагираше скромно

Доделувањето на Нобеловата награда за мир на Барак Обама, предизвика изненадување, но во најголем дел беше позитивно прифатено во светот. Во САД главно воздржано и критички реагираа на веста од Осло.

default

Американскиот претседател и носител на Нобеловата награда за мир Барак Обама

Барак Обама скромно ја прими веста од Осло. Тој порача дека не чуствува оти ја заслужува наградата и дека треба да стои во редот на многумина извонредни личности на кои им била доделена Нобеловата награда за мир. Но тој

Barack Obama Reaktion auf Friedensnobelpreis

„Изненаден и трогнат“

го прифати признанието.„Изненаден сум и длабоко трогнат. Дозволете ми јасно да кажам дека ова не го гледам како признание за моите заслуги туку како зајакнување на целите кои ги зацртав за САД и за светот.“

Воздржани реакции во САД

Наградата е повик за дејствување. Со ваквиот скромен настап Обама го отслика расположението во неговата земја. Имено реакциите во САД се претежно воздржани. Многумина се изненадени од одлуката на Нобеловиот комитет во Осло зашто претседателот за само девет месеци колку што е на фунцијата се’ уште нема зад себе вистински резултати.

„Сметам дека оваа награда доаѓа многу рано во неговата политичка кариера.“ „Има други луѓе кои ја заслужуваат зашто сториле повеќе за мирот во светот. Се надевам дека тој ќе докаже дека заслужено ја добил Нобеловата награда за мир“, велат жителите на Вашингтон.

На Барак Обама очигледно му е јасно, каков товар претставува ова признание. Досега 48-годишниот политичар немал вистински резултати од неговите напори за решавање на меѓународните проблеми, без оглед дали станува за блиско-источниот мировен процес, за спорот околу иранската атомска програма или пак за заштитата на климата. И ситуацијата во Авганистан воено се влоши. Но, претседателот најави дека и натаму ќе ги следи неговите надворешно-политички цели. Колку тоа ќе му помогне на внатрешно политички план е прашање: „Сметам дека Барак Обама мора да работи на неговата реформа на здравствто и на сите други нешта“, вели еден Американец.

Критка од Републиканската партија

USA Senator Barack Obama in Washington Weißes Haus

Барак Обама пред Белата куќа

Претседателот на опозициската Републиканска партија Мајкл Стил пак изјави дека Американците се прашуваат што досега постигнал Обама и со што ја заслужил наградата? Одлуката од Осло, според Стил повеќе се должи на сјајот на политичката ѕвезда на Обама отколку на неговите остварувања.

Барак Обама е третиот Американски претседател, кому за време на неговиот мандат му била доделена Нобеловата награда за мир. Теодор Рузвелт ја добил наградата во 1906, а Вудроу Вилсон во 1919 година. На Џими Картер наградата му беше доделена повеќе години по неговото претседателствување.

Автор: Ана Енгелке / Симе Недевски

Редактор: Алексанадра Трајковска