1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Обама работи на решавање на спорот за името

Американскиот претседател Барак Обама работи многу напорно во заднина за надминување на спорот за името меѓу Македонија и Грција, тврди неговата советничка Елизабет Ширвуд–Рандал.

Во настап во Центарот за стратегиски и меѓународни студии, Ширвуд–Рандал рече дека спорот за името е меѓу бројните прашања кон коишто претседателот Обама е насочен во својата работа.

„Ние работиме многу напорно во заднина, за да постигнеме решение на ќор-сокакот во македонското прашање за името. Една од работите за која претседателот размислува, и која треба да ја знае како претседател, е македонското прашање за името. Тој, лично, е вклучен во разговорите со клучните страни во ова прашање, но за жал тоа не доведе до надминување на спорот за името на НАТО самитот во Чикаго, но ние продолжуваме да се надеваме дека ова прашање ќе биде надминато, за Македонија да може да го заземе своето место како членка на НАТО “, одговори Ширвуд–Рандал на прашање поставено од преставник на Обединетата македонска дијаспора.