1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама прогласи крај

Американците и официјално се повлекоа од Ирак. Одговорноста за безбедноста сега е во рацете на ирачкиот народ, истакна американскиот претседател Барак Обама во телевизискиот говор до нацијата.

default

Барак Обама зборуваше 18 минути

Истото место, истото биро - пред седум и пол години тогашниот американски претседател Џорџ Буш од истата Овална канцеларија му објави војна на ирачкиот диктатор Садам Хусеин. Во говорот до нацијата, неговиот наследник Барак Обама потсети на ова, пред да го каже клучното:

„Вечерва објавувам дека американскиот борбен ангажман во Ирак завршува. Народот на Ирак отсега ја сноси одговорноста за безбедноста во својата земја. Тоа беше едно од моите ветувања во претседателската кампања.“

Обама му оддаде почит на Буш

Со последните зборови Обама сакаше да нагласи дека си

Obama / Irak / US-Armee

Во Ирак ќе останат уште 50 илјади војници како поддршка

стои на зборот. Претседателот говореше и околу тоа колку војната во Ирак го поделила американското општество и ја изолирала Америка во светот. Меѓутоа, тој сепак му оддаде почит на својот претходник, претседателот Џорџ Буш. Обама раскажа дека пред говорот телефонски разговарал со Буш. Познато е дека имавме различни мислења околу почетокот на војната, рече Обама, додавајќи:

„Но, никој не смее да се сомнева во неговата љубов кон безбедноста на нашата земја. Има патриоти кои ја поддржуваа војната, а има патриоти кои беа против неа“, нагласи американскиот претседател.

Повлекување и од Авганистан

Во војната во Ирак животот го загубија 4.400 американски

Obama / Oval Office / Rede an die Nation

Американскиот претседател му оддаде почит на својот претходник

војници. Во екот на најголемите борбени акции, во земјата беа стационирани повеќе од 170 илјади војници. Од нив, сега останаа уште педесет илјади, кои исто така би требало да го напуштат Ирак до крајот на следната година - доколку условите го дозволуваат тоа. Обама го повтори истото временско ограничување и кога говореше за втората војна што ја водат САД, онаа против талибанците во Авганистан. Повлекувањето и таму треба да почне следниот август.

„Нашата поддршка за Авганистан останува. Но, верувајте ми, повлекувањето ќе почне, бидејќи војна без крај не е ни во наш, ниту во интерес на Авганистан“, рече Обама во телевизискиот говор до нацијата.

„Пред нас се подобри денови“

Во последната третина од осумнаесетминутниот говор, американскиот претседател говореше за предизвиците кои сега стојат пред САД на внатрешен план.

„Нашата најитна задача сега е да го зајакнеме стопанството и да ги вратиме на работа милионите Американци што останаа без работа. Нема да биде лесно, меѓутоа тоа во иднина треба да биде нашата најважна мисија и моја најголема одговорност како претседател.“

Обама го заврши говорот со зборовите „пред нас се подобри денови“. Меѓутоа, многумина Американци се скептични во овој поглед. А демократите, партијата на Обама, тоа и ќе го почувствува на следните избори за конгресот.

Автор: Ана Енгелке / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема