1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама предупредува од банкрот

Уште шест дена им останаа на власта и опозицијата во САД да најдат компромис за долгот на земјата. Претседателот Обама ги предупреди републиканците дека ќе сносат одговорност за банкротот

default

Во говор до нацијата американскиот претседател Барак Обама предупреди од непредвидливи штети ако не се најде решение околу американскиот буџет. Доколку државниот дефицит и натаму расте, ќе има последици по стабилноста на стопанството и работните места. Освен ова за првпат во историјата, постои опасноста да биде намалена кредитната способност на САД, предупреди претседателот.

Демократите и републиканците со недели спорат околу подигање на границата за долговите. Доколку не биде постигнат договор до 2 август САД ќе банкротираат.

Автор: АТ/дв

Редактор: Симе Недевски