1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама: „Почеток на крајот на економската криза“

Американскиот претседател Барак Обама, синоќа во Денвер го потпиша најголемиот конјуктурен пакет во историјата на земјата. Мерката треба да помогне САД да се извлечат од најдлабоката рецесија по светската криза во 1920.

default

Барак Обама на чинот на потпишувањето во Денвер

Американскиот претседател Барак Обама на чинот на потпишувањето на конјуктурниот пакет делуваше оптимистички околу натамошниот економски развој на неговата заемја. Тој притоа нагласи дека неговиот потпис, со кој пакетот стапува на сила, не значи дека е дојден крај на проблемите, туку дека овој чин претставува почеток на крајот. Според американскиот претседател, пакетот конјуктурни мерки, вреден 787 милијарди долари, претставува прв чекор во поставувањето цврста економска основа, која ќе обезбеди долгорочен економски пораст: „Не сакам да тврдам дека денеска се означува крајот на нашите економски проблеми, ниту дека тоа го сочинува се` она што ќе треба да го направиме, за да направиме пресврт во економијата. Но, денеска се означува почетокот на крајот“, изјави Обама.

Најголем пакет во историјата на САД

Американскиот претседател истовремено оцени дека конјуктурниот пакет е најобемниот во историјата на САД: „Американскиот план за реинвестирање и опоравување ги содржи принципите кои ги изнесов во јануари. Тој е најголем пакет за опоравување на економијата во нашата историјата“. Инаку, конјуктурниот пакет е вреден 787 милијарди долари. Првиот чекор кој ќе се преземе е во делот на даночните олеснувања и инвестициите во јавниот сектор. Барак Обама се надева дека со новата програма ќе се создадат услови за стабилизирање на пазарот на труд. Планот е да се зачуваат, односно да се создадат услови за нови три ипол милиони работни места.

DW.COM