1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама постави нови акценти во политиката за атомско оружје

Американскиот претседател Обама со неговата нова доктрина за атомското оружје постави нови акценти во одбранбената политика, е мислењето како на неговите критичари, така и на приврзаниците.

default

Владата на Обама прави значителни промени

Критичарите од левицата и десницата се‘ уште се воздржани. Можеби поради тоа што документот содржи малку точки подложни на критика. Сепак веќе може да се каже дека сите се согласни околу фактот дека владата на Обама значително менува некои од акцентите. На пример, незамисливо е претходникот Џорџ В. Буш и своевремено претседателите од ерата на Студената војна да даделе слична изјава: „Соединетите држави нема да развиваат ново атомско оружје.“

Акцентот на реупотребата и подготовката, освен ако не е непоходно потребна негова примена. Во тој случај претседателот мора да даде одобрение, вели министерот за одбрана Роберт Гејтс.

Политика на отуѓување

Овој пример се провлекува низ целата стратегија. Тоа треба да биде среден курс, но советникот на републиканците Алекс Касталано овој централизам го смета за политика на отуѓување: „Тој е несигурен по ова прашање. Помеѓу републиканците има две мислења. Првото е дека тој е против она за кое се залага и обратно, тој ќе користи атомско оружје, доколку не се реши за спротивното. Тој не е сигурен, дека постапува исправно.“

Руди Џулијани, кој пред две години беше кандидат од републиканците на претседателските избори, на СиЕнЕн изјави дека новата стратегија го збунива. Се чини дека претседателот го изгубил од видокругот она што е важно: „Да се спречи Иран во тоа да стане атомска сила.“ Како треба да ја сфатат изјавата дека државите кои немаат атомско оружје во иднина не треба да очекуваат нуклеарен напад од САД? Дали како охрабрување конечно да се воздржат од сопствено атомско оружје?

George Bush mit Rudy Giuliani in Colorado

Руди Џулијани и поранешниот претседател на САД Џорџ Буш

Зарем мулите ќе размислуваат со истата логика, ироничен е Џулијани, кој пред се‘ критикува што Обама едноставно не му дава чувство на Иран дека неговото стремење кон атомско оружје може да има и воени последици. Притоа, тоа е единствениот начин за ефикасно влијание. Сепак бившиот градоначалник на Њујорк со тоа не ја раскажа целата приказна. Имено, владата на Обама секако и за таков случај оставила некој скриен адут во ракавот: „Станува збор за внимателно изработен документ, кој на САД им остава отворени можности. Ние сме најголемата светска воена сила во конвенционалната област. За повеќето воени мисии не ни е потребно атомско оружје, кое би го употребиле само во екстремни случаи. Значи ако ја редуцираме улогата на атомското оружје во нашите размислувања за безбедноста, ќе го намалиме бројот на атомски бомби, исто така и за да ги поттикнеме другите држави да се откажат од сопствено атомско оружје. Но, во стратегијата покрај тоа стои дека, оној кој ги крши правилата, како Иран или Северна Кореја, тој останува во нуклеарниот домет на САД.“, вели на пример Џозеф Циричионе од Советот за надворешна политика.

Свет без атомско оружје

Некои демократски пратеници од Конгресот и левичарски групи на лобисти би сакале владата да направи уште еден чекор понапред и целосно да се откаже од нуклеарен напад, доколку не е во самоодбрана. Сепак тие досега се воздржуваат од јавна критика и се осврнуваат кон позитивното. Повеќето коментатори сметаат дека новата, помалку агресивна ориентација во најмала рака претставува полезна основа за идните преговори со нуклеарните сили како што се земјите во развој.

Atomwaffenfähige Rakete, Atomwaffe

Да се создаде свет без атомско оружје

Оптимистите како Џозеф Циричионе дури сметаа дека е возможно дека светот направил значаен чекор кон свет без атомско оружје: „Во оваа преработена стратегија се истакнува консензусот, кој во меѓувреме е присутен помеѓу нашите експерти за нуклеарно оружје, кај военото раководство и нашите политички лидери. Имено, нам повеќе не ни е потребно атомско оружје, бидејќи повеќе не мора да се бориме против Советите. Денес закана претставува атомското оружје во рацете на терористи и новите атомски сили. Затоа постепено треба да се справиме со тоа. Притоа мора да бидеме внимателни, да одиме чекор по чекор. Но, САД за првпат категорично претставија некаков план. Тоа е историски, голем момент!“

Автор: Силке Хаселман/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM