1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Обама повлекува 33.000 војници од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама во обраќањето до нацијата најави повлекување на американските војници од Авганистан и покрај тоа што од Пентагон доби поинакви препораки.

default

Американскиот претседател Барак Обама успеа да се спротивстави на задршките од страна на командантот на трупите на САД во Авганистан, Дејвид Петреус и министерот за одбрана Роберт Гејтс. „Почнуваќи од наредниот месец до декември ќе повлечеме 10.000 американски војници од Авганистан.“ Уште 23 илјади, според американскиот претседател, ќе бидат повлечени најдоцна до септември наредната година. „Вкупно 33 илјади американски војници ќе се вратат од Авганистан.“

Оваа порака го претвора шестото обраќање на американскиот претседател Обама до нацијата во историско обраќање, бидејќи го означува почетокот на крајот на најдолгата американска војна и затоа што претседателот во говорот одново ја дефинираше основната цел на американската политика. „Америка, време е да се концентрираме на надградбата на нашата сопствена нација“, апелираше Обама. И покрај растечките долгови, САД во изминатите десет години инвестираа еден билион долари во нивните војни. Америка веќе не може да си дозволи силно присуство на трупите во кризините жаришта, смета претседателот.

Obama Soldaten Abzug aus Afghanistan Flash-Galerie

Повлекување на американските војници од Хиндукуш

Со оглед на тоа што по убиството на Осама бин Ладен е заслабната мрежата на Ал Каеда и американската офанзива е успешна против талибанците во Авганистан, американскиот претседател ќе се придружува до планот за континуирано повлекување на трупите и по 2012 година. „До 2014 година предавањето на власта во рацете на армијата и полицијата на Авганистан треба да биде завршен процес“, изјави американскиот претседател и најави дека американската борбена мисија ќе се претвори во мисија за поддршка.

Пентагон, пак, сакаше предавањето на улогите да оддолжи колку што е можно повеќе. Командантот на трупите во Авганистан, Дејвид Петреус, повеќепати апелираше до претседателот да остави колку што е можно повеќе американски борбени трупи во Авганистан до крајот на идната година. Меѓутоа претседателот се спортивстави на предолозите од Пентагон. „Авганистан во иднина ќе биде самиот одговорен за сопствената безбедност. САД ќе спречат мрежата на Ал Каеда да не се зајакне повторно во земјата, но во иднина ќе бидат поддржувани иницијативите од Авганистан за национално помирување,“ изјави Обама.

Експерти за Авганистан во Пентагон не се согласни со мировниот оптимизам на претседателот. Од нивен агол, стратегијата за повлекување на претседателот Обама е диктирана од чисто внатрешно-политички побуди, имено од изборната кампања во Америка, уморна од војни и во големи долгови.

Автор: Ралф Зина/ Александра Трајковска

Редактор: Tрајче Тосев

DW.COM